Промотивни пакети на соларни системи

Ја користиме оваа можност да ве известиме дека Термо Систем започнува со акција за соларни системи.

Акцијата за соларните пакети започнува заклучно со ден 05.03.2012 година и ќе трае до 31.05.2012 година, односно додека трае Акцијата организирана од Владата на РМ.

Сите информации во однос на пакетите, цените, можноста за кредитирање и документите за аплицирање за стимулација од страна на Валадата на Република Македонија можете да ги разгледате на официјалната страна за акцијата.

Пакетите се дизајнирани да бидат во согласност на вашите потреби и секако согласно мотото на Термо Систем дека квалитетот секогаш победува.

Од друга страна постигнавме и договор со Капитал банка, се со цел целокупната “Акција за соларните системи” да добие поголем пристап, односно да се овозможи плаќање на рати (12, 18 или 24) во зависност од желбата на крајниот корисник и вредноста на пакетот.

Што се однесува до соларните пакети, повторно сакаме да ве известиме дека се составени од следниве елементи и производители:

  • Комбиниран бојлер со еден и два изменувачи – производ на Sun Sistem- Бугарија
  • Соларни рамни и вакуумски колектори – производ на Kamel Solar – Македонија
  • Соларна група со пумпа – производ на Giacomini– Италија
  • Автоматско лонче со топчест вентил ½ – производ на Giacomini – Италија
  • Диференцијален контролер со 3 сонди, дигитален дисплеј – производ на – Кина
  • Експанзионен сад – производ на Elbi– Италија

Искажи се доколку имаш нешто

*