Зимските и студени денови полека остануваат зад нас, а пред нас претстои период со се поголем број сончеви денови и температурите полека ќе одат во нагорна линија. Со сончевите колектори се отвара можност за искористување на сонцето кое е бесплатно и го има насекаде околу нас.
Сите ние сме сведоци на постојаното поскапување на електрична енергија и на секој можен начин се обидуваме да ја намалиме сметката за струја. Идеално решение за овој тип на проблем, е поставување на соларен систем во вашиот дом. Во тој контекст се надополнува и Владата на Република Македонија која во изминативе неколку години започна со доделување на субвенции за поставување на соларни системи. Тој тренд продолжи и оваа година, во која владата оделува 6,000,000 денари за субвенции за поставување на сончев колоектор. Распределбата на субвенциите се врши по пат на лотарија и најголемата субвенција која може да ја добие едно семејство е 30% од вредноста на соларниот пакет, односно најмногу 300 евра во денарска против вредност.
За да се придодадема на таа приказна и ние од Термо Систем промовиравме пакети со соларни системи, кои се се составени од сите потребни елементи соларниот систем да работи правилно. Сите составни елементи се од реномирани светски произведувачи со одличен квалитет и долг работен век. Значи Вие треба само да се одлучите за поставување на соларен систем, а останатото е наша обврска.
Доколку имате дополнителни прашања за соларните системи, отворени сме за соработка.
miso says
Ve molam da mi kazete koja e promotivnata cena na sistemot
pozdrav
Miso
Dario says
На слениот линк ги имате промотивни пакети за соларните системи http://www.termosistem.com.mk/promotivni-paketi-na-solarni-sistemi/
Со Почит,
Термо Систем