Развојот во технологијата на соларните ќелии

solarni keliiДосега зборуваваме за тоа како работи и функционира еден PV систем и наведовме фактори кои влијаат на исплатливоста за инвестирање во еден таков фотовалтичен систем. Прашањата поврзани со рентабилноста на таквиот систем довеле до многу истражувања во насока на развивање и унапредување на нови начини на поголема конкурентна моќ на соларната енергија во однос на традиционалните извори на енергија.

Развој на соларните ќелии

Кога светлината во форма на фотони ќе дојде до соларните ќелии, неговата енергија ослободува електрони. Секој фотон кој содржи доволно енергија во себе, ослободува нормално количество на електрони, кои резултираат во слободна дупка. Протокот на електрони обезбедува напон во тековното електрично поле на соларните ќелии.

Колку сончева енергија апсорбираат PV системите?

Во 2006 година во САД имало истражување кое покажува дека само 12-18% ефикасност имале соларните панели. Понатаму со самиот развој нивната изработка и достапност, нивната ефикасност пораснала и до 40%.

Кристалниот силикон не е единствениот материјал кој се користи во изработката на фотовалтичните соларни ќелии. Поликристалниот силикон се користи во обид да се намалат производните трошоци и покрај тоа што резултатите на така дизајнираните ќелии не се толку добри како оние кои се направени од единечниот кристален силикон. Следната генерација се состои од таканаречени тенки соларни ќелии. Додека и тие исто така се спремни да жртвуваат дел од ефикасноста, истите се лесни и исплатливи за производство. Овие тенки соларни ќелии можат да бидат изработени од различни материјали и со текот на времето кое изминува стануваат се поефикасни.

Другата стратегија за зголемување на ефикасноста е користење на два или повеќе слоеви од различни материјали, со различни празнини во самите нив. Многу повисока ефикасност може да се постигне со редење на површина на оние материјали кои имаат повисок јаз на празнини и ги апсорбираат високо високо- енергетските фотони, притоа овозможуваат пониско енергетските фотони да се апсорбираат од страна на долниот материјал.

Концентрираната фотовалтична технологија е една од технологиите кои многу ветува во развојот на соларната технологија. Наместо едноставно собирање на сончевите зраци и нивно конвентирање во електрична енергија, концентрираните PV системи ја користат предноста на оптичката опрема (леќи, огледала) за да фокусираат поголеми количества на сончева енергија кон високо ефикасните соларни ќелии.

Овие системи имаат голем број на предности во однос на конвенционалните соларни панели и поттикнуваат понатамошни истражувања и развојни напори во нивна полза.

Остави коментар

*