Решение за заштита од прегревање на камини и котли на цврсто гориво

zastita na kotli na drvaМногу често поставувано прашање при купување и поставување на котел или камин на цврсто гориво е начинот на кој треба да се заштити системот од прегревање. За ова прашање најмногу треба да се грижи и размислува оној кој го поставува котелот, но важно е корисникот на истиот да биде запознаен со решението на ова прашање.

Овој проблем се решава со поставување на термостатски вентил со испуст. Начинот на кој треба да се поврзе и како функционира заштитата, можете да ја прочитате во овој пост.

Вентилите го решаваат проблемот на безбедност и се поставуваат во инсталацијата на грејните тела како што се котлите за цврсто гориво и камините.

ПРИМЕНА

На приклучоците на котлите за цврсто гориво и камините, се инсталираат еден или повеќе термостатски вентили. Од суштинско значење за котлите и камините е инсталирање на посебно проектиран сигурносен уред со заштитна функција. Ова е од особено значење во летниот период кога може да дојде до зголемување на температурата, во период кога е исклучен грејниот приклучок и се оптеретува акумулациониот бојлер.

ФУНКЦИОНИРАЊЕ

Термостатскиот вентил со испуст со двоен ефект одлично ги решава проблемите на безбедност во грејните инсталации кои како извор на топлина ги користат котлите на цврсто гориво или камините. Станува збор за уред кој има термостатски вентил за испуст и вентил за полнење, кои истовремено делуваат со команда од далечинскиот сензор. Уредот кој е поставен на испустот на мрежата (за полнење), при постигнување на критична висина на температура, создава циркулирање на ладна вода вокотелот се до оној момент додека не се симне температурата под онаа вредност на која осетливиот дел од системот реагира. Во тој момент истовремено се затвараат испустот и полнењето. Овој уред на истиот начин функционира и во случај на хаварија на осетливиот дел од системот.

КОНСТРУКЦИОНИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Максимална работна температура – 110°C
Максимален работен притисок – 10 bar
Капиларна должина – 1300мм
Овој вентил е направен од нерѓосувачки челик.

ИНСТАЛИРАЊЕ

Термостатскиот вентил може да се инсталира и постави во било која позиција, вертикално, хоризонтално или наопаку. Отворот за температурниот сензор се монтира на одводната цевка колку што е можно поблиску или на највисоката точка на котелот и пред испустната цевка. Важно е местото на полнење да биде директно поврзано за цевките за цевководот, без никакво прекинување.

Остави коментар

*