Сакате камин со можност за поврзување на централно греење во вашиот дом?

Камин на пелетиВо изминативе години, примената на камини на пелет како систем на греење е се повеќе застапено во современите домаќинства.

Низ процесот на евалуација, камините на пелет од обична метална кутија прераснаа во високо технолошки систем, компактен и ефикасен систем за греење, надополнувајќи го декорот во вашиот дом.
Моделот Auriga 23KW, Eco Spar од програмата на Еко Спар може да го управувате со далечински управувач, преку кој можете да ја регулирате температура, односно брзината на согорувањето, одложен старт, неделни и викенд програми.
Во Auriga 23KW, Eco Spar дополнително има вградено и сигурносна регулација со помош на термостат. Капацитетот наб котелот за парно изнесува 75 литри, со вграден експанзиционен сад и пумпа за вода со моќност 23 KW. Оваа моќност на котел е наменет за загревање на простории до 250 м2. Надворешниот дел од котелот се загрева само делот кај вратата и стаклото.
Пелетот речиси согорува во целост, не оставајќи речиси никаков отпаден материјал, со исклучок на тенок слој на прашина, што значително го олеснува нивното одржување и чистење.
Камините на пелети не бараат изведба на оџак и можат да се инсталираат во простории кои немаат изведено оџак. Исфрлањето на гасовите може да биде вертикално и хоризонтално, преку некој отвор на ѕидовите од просторијата, бидејќи камините на пелети се опремени со механизам кој не им дозволува на гасовите кои се исфрлаат да се вратат назад во внатрешните простории.
Повеќето камини на пелети се изработени од леано железо и челични прегради кои ја спроведуваат топлината кон задниот и горниот дел на ложиштето, а вградениот вентилатор се грижи за циркулацијата на топлиот воздух кон просторијата, па на тој начин надворешната површина од каминот останува многу малку топла и пријатна на допир.
Во програмата на го имаме каминот на пелети Auriga 23KW, Eco Spar кој е целосно автоматизиран и погоден за поврзување на централно греење, предавајќи моќност од 15 или 23 Kw топлинска енергија, притоа од него во просторот се одава 3 Kw топлинска енергија преку природно струење на воздухот. Останатите 12 или 20 Kw се оддаваат во водата која ќе циркулира низ грејната инсталација.

Каминот на пелет со опција за поврзување на парно е изработен согласно европските норми EN 303-5 што е гранција за квалитетот на неговата изработка и нискиот степен на емитирање на штетни гасови во природата.

Факти за пелети:
• Моќноста на 500 литри нафта за домаќинство е идентична со 1 тон пелети;
• Со 4 м3 огревно дрво, чија што влажност е помала од 25% е речиси идентично со 1 тон пелет;
• 4,5 MWh електрична енергија има иста моќност колку 1 тон пелет.

Поврзани теми:
Позитивни и негативни искуства од различните видови на пелет
Обновлива суровина за греење на вашиот дом, хит во Европа
Загревање со трајножаречкиот котел на Bosch

Comments

  1. Ве молам информирајте ме ме за камините со пелети мене ми е потребно загревање простор за 35квадрати.која е цената и дали може на рати да се исплати?Благодарам

    • Почитувани,

      За толку мал простор немаме камин на пелет кој можеме во моментот да ви го понудиме.

      Со Почит,
      Термо Систем

Остави коментар

*