Штедете електрична енергија во текот на целата година со комбинираниот бојлер на Sun System

thumb

Потребата за топла санитарна вода која ја употребуваме за секојдневни потреби е од огромно значење за секое домаќинство. Топлата вода ја користиме за перење на алишта, миење на садови, а највеќе за капење и опуштање во удобните кади или џакузи. Капењето е посебно изразено во летните денови кои полека но сигурно надоаѓаат, а за таа цел зголемената потрошувачка на топла вода ќе значи и повисоки сметки за електрична енергија. За да ги намалите главоболките од потенцијалните високи сметки можеме да ви понудиме вистинско решение за во вашите домови, а тоа се комбинираните бојлери на Sun System.

На пазарот се присутни повеќе типови на бојлери кои служат за добивање на топла вода. Ние од нашата програма ви ги препорачуваме комбинираните бојлери на Sun System со два изменувачи. Овие бојлери ги препорачуваме заради одличниот квалитет кој го поседуваат, како и супер цената по која може да го набавите од нашата компанија.

Бојлерот со два изменувачи или поедноставно кажано со две змии е изработен од емајлиран материјал кој овозможува помалку налепување на бигор во споредба со останатите бојлери. Овие бојлери се особено ефикасни во места каде има тврда вода, бидејќи поретко ќе имате потреба за чистење на бигорни наслаги кои настануваат со текот на годините. Самото чистење ќе биде многу полесно и ќе ви одземе многу помалку време за разлика од останатите бојлери.

шема на бојлер sun system со два изменувачиЕкономската исплатливост на комбинираните бојлери со два изменувачи е огромна бидејќи постојат две опции за прикклучување на енергетски ефикасни извори. Една опција е приклучување на соларни сончеви панели на првиот изменувач (змија) и добивање на топла вода во текот на пролетта, летото и есента. Другата опција е приклучување на домашното парно на вториот изменувач (змија) и добивање на топла вода во зимските и есенските денови. Од сево ова може да заклучиме дека доколку ги имате поврзано и двете опции одеднаш речиси и да нема потреба од потрошувачка на електрична енергија, која во последно време и те како ни задава големи главоболки на крајот од месецот.

Комбинираните бојлери со два изменувачи доаѓаат комплет со 9 Kw греач кој е специјално изработен за нашата компанија и има опција да функционира со 3 , 6 или 9    Kw во зависност од големината на бојлерот, едноставно кажано имате 3 греачи склопени како еден. Други елементи кои влегуваат во цената на овие бојлери се: сигурносен вентил кој го штити бојлерот од преголем притисок, магнезиумска анода и термометар. Бојлерите ги имате во најразлични големини почнувајќи од 150 литри до 1000 литри во зависност од потребите.

Comments

  1. imam postoecki 3 paneli i bojler ting inoks za sanitarna voda od 120 l. kolku sto mozam da razberam vasiot bojler ima plus edna zmija za greewe.
    imam radijatorsko greewe so el.kotle od 24 kw za 170 m2 grejna povrsina.
    dali moze da se zameni postoeckiot so vas bojler vo nasoka na obezbeduvawe na greewe ili podrska na greeweto. dali bi trebalo i dopolnitelni kolektori i prepravki vo radijatorskiot sistem (fen kojleri). koja bi bila cenata i koj bi bil benefitot.
    pred odluka sum za kupuvawe na kotle na peleti no dokolku se ubedam vo nesto sto bi znacelo zasteda, najverojatno bi se resil za toa – SOLAR

Остави коментар

*