Што би можеле да очекуваме во следните неколку години од соларните системи?

Акцијата за соларни системи е активна и сите информации можете да ги видите на официјалната страна за акцијата.

Соларен систем

По повод последната акција на Владата на Р.М за субвенционирање на сончевите колектори, и по повод забраната на извозот на електрична енергија се одлучивме да ве запознаеме подобро со обновливите извори на енергија.

Оваа не е единствената причина за масовна употреба на обновливите извори на енергија, туку тие и воопшто не ја загадуваат природата, а воедно се наоѓаат насекаде околу нас.

Во последно време и самите сме сведоци дека климата околу нас почнува да се менува и тоа на големо. Сушите, поплавите, големите температурни разлики, се само дел од знаците кои укажуваат дека нешто се случува. Тоа се последици од ефектот на стаклена градина, кој пак е предизвикан од преголемото испуштање на јаглерод диоксид во атмосверата.

За да ја зачуваме нашата околина, и ја оставиме погодна за живеење и на следните генерации, мораме да ја сватиме сериозно оваа проблематика.

Денеска ќе зборуваме за соларните системи и нашето внимание ќе го задржиме на тоа што би можеле да очекуваме во следните неколку години од соларните системи, кои допрва ќе се појавуваат и кои би биле придобивките доколку се одлучиме да ги поставиме во нашиот дом.

  • Колектори со поголема апсорбција на сончеви зраци. Зголемената побарувачка за соларни колектори води кон тоа овој производ цело време да се надградува. Во последно време на пазарот се појавија панели со поголема апсорбција. Тоа значи дека и при најмало појавување на сонце колекторот ги апсорбира сонцевите зраци и со нивна помош ја затоплува водата.
  • Колектори кои произведуваат електрична енергија со зголемен капацитет. Во едно домаќинство колектори кои произведуваат екектрична енергија сеуште неможат да ги задоволат целокупните потреби. Но, се работи на тоа колекторите да ги зголемуваат своите произведувачки капацитети. Така да во иднина би можеле повеќе да сметаме на овој систем, а кој знае можеби еден ден и целосно да се препуштиме на неговите производствени капацитети.
  • Ротациони колектори кои го пратат сонцето за поголема апсорција на сончеви зраци. Ние сме навикнати на колектори кои кога ќе се монтираат остануваат статични. Веќе подолг период се произведуваат колектори односно држачи за колектори, кои го следат сонцето. Кога тоа ја менува својата положба колекторот исто така ја менува се со цел подобро да ги апсорбира сончевите зраци.
  • Вакуумските колектори се поефикасни. Не мора колекторите да бидат ротациони за да добијат поголема искористеност од сончевите зраци. Веќе подолг период на нашиот пазар се наоѓаат вакуумските колектори кои само по својата форма придонесуваат за поголема поефикасност.
  • Субвенции за соларните системи. Не само кај нас туку и во светот владите започнуваат со субвенционирање на домаќинствата за поставување на сончеви колектори со што би се намалила потрошувачката на електрична енергија. Нашата влада и оваа година ќе обезбеди средств од буџетот за субвенции со што на едно домаќинство би му се овозможило полесно да дојдат до целокупниот систем.

Цената на струјата постепено расте и тоа го оптоварува нашиод домашен буџет. За среќа сончевата енергија е бесплатна, затоа да не чекаме туку да почнеме да ја користиме. Со користењето на сончевата енергија воедно придонесуваме и за поубаво утре, количеството на испуштениот јаглерод диоксид во атмосверата од наша страна е намалено.

Доколку имате желба да дознаете нешто повеќе во врска со соларните колектори и цените поврзани со нив, повелете на нашата веб страна таму ќе ги најдете сите потребни информации.

Остави коментар

*