Што добивате со поставување на “паметна” пумпа во вашиот систем за греење?

Циркулациона пумпаКога поставуваме греење или водовод, секогаш е потребно да избереме добра и квалитетна пумпа која ќе ги задоволува потребите на системот. Во зависност од тоа за каков систем станува збор треба да се изврши правилен избор на пумпа која ќе биде најсоодветна и нормално е да очекуваме мала потрошувачка на енергија. Кога сме кај потрошувачката на енергија постојат најразлични производители кои имаат различни типови на пумпи, со различна потрошувачка во зависност од технологијата и иновативноста која е воведена во производството на тие пумпи. Во овој пост ќе ве запознаеме со една виско ефикасна циркулациона пумпа од програмата на Wilo.

Од програмата на Wilo ни доаѓа високоефикасната циркулациона пумпа Wilo – Yonos Pico. Оваа пумпа најчесто се употребува за греење на сите видови системи, климатизација, индустриски циркулациони постројки, која е високопродуктивна и електронски регулирана. Циркулационата пумпа има воден ротор со навртување, ЕС-мотор заштитен од струја на блокирање и интегрирана електронска регулација на моќност.

Како предности на оваа “паметна” пумпа можеме да ги издвоиме следниве работи:

– Највисока ефикасност благодарение на ЕСМ технологијата.
– Високопродуктивна пумпа погодна за едносемејни и двосемејни куќи, како и за повеќе семејни куќи.
– Само минимални 4 W влезна моќност.
– Повеќе начини на регулација за оптимално прилагодување на оптоварувањето Δр-с (константен диференцијален    притисок) Δр-v варијабилен диференцијален притисок).
– Интегрирана заштита на мотор.
– Светлечки диоди за поставување на зададената вредност и приказ на актуелната потрошувачка во вати.
– Функција за обезвоздушување на просторот на роторот.
– Брзо приклучување на струја со помош на Wilo – Connector.
– Флексибилно вградување преку компактна изведба.
– Многу висок стартен вртежен момент, за сигурен старт.

Технички податоци поврзани околу оваа пумпа:

– Температура на транспортен медиум -10 °C до +95 °C.
– Приклучување на мрежа 1~230 V, 50 Hz.
– Тип на заштита IP X2 D.
– Приклучок со навртување Rp 1/2, Rp 1 и Rp 1 1/4.
– Максимален работен притисок од 6 бари.

Со поставувањето на оваа “паметна” пумпа воопшто нема да погрешите, бидејќи покрај многубројните опции и програми за регулирање кои ги овозможува, Wilo – Yonos Pico пумпата значително помалку троши електрична енергија што ја прави шампион по ниска потрошувачка. Ова значи дека вложените пари денеска ќе ви бидат многу брзо вратени во годините кои следат, благодарение на високата вградена технологија која ја има оваа пумпа.

Остави коментар

*