Соларните системи за загревање ја користат бесплатната сончева енергија, за да ја загреат водата која се користи за потребите на секое домаќинство. За да може соларниот систем да функционира и да ги акумулира сончевите зраци, треба да се обезбеди бојлер
со изменувачи кој ќе се поврзе со самиот колектор. Многу е значајно да се направи адекватна инсталација, притоа користејќи квалитетен материјал кој ќе обезбеди ефикасност во работатa на системот.
Кога зборуваме за соларната енергија, зборуваме за следново:
– Бенефитите од користење на соларната енергија за добивање на топла вода
– Како соларниот систем работи?
– Трошоци, заштеда и заработувачка
– Дали токму тој соларен систем е вистинскиот избор за вашиот дом?
1. Бенефити од користење на соларната енергија
– топла вода во текот на целата година
– користење на извор кој е бесплатен за секој од нас
– намалување на сметките
– намалено присуство на јаглерод
– пратење на светскиот тренд во користење на топла вода
2. Како соларниот систем работи?
До сега во голем број од постовите сме пишувале за составните елементи на соларниот систем, начинот на кој истиот функционира, како да се димензионира и постави соларниот систем и колку е навистина важно да се користат квалитетни и соодветни материјали.
3. Трошоци, заштеда и заработувачка
Почетната инвестиција во соларниот сет и нејзината висина, не треба да ве плашат, бидејќи истатa може да ја вратите за неколку години и истовремено месечно да добивате пониски сметки за електрична енергија. Трошоците за одржување на системот, за разлика од останатите системи за греење, вообичаено се многу ниски. Согласно пресеметките од министерството за економија на Република Македонија. Со користење на соларните системи aнализите покажуваат дека едно семејство со вграден сончев колектор може да заштеди 2.400 KWh електрична енергија на годишно ниво, односно околу 13.000 денари. Во зависност од цената на целокупната инвестиција, повраток на средствата е во период од околу 5 години.
Голем број од соларните системи ви даваат од 5-10 години гаранција на производот. Откако инсталатерот ќе го постави соларниот систем, проверка и одржување може да се прави на одреден период. Проверка која може да ја направите вие е да видите дали можеби некаде системот протекува, дали чувствувате некаков посилен мирис, дали ја добивате саканата топла вода и сл. Истиот систем се препорачува потемелно да се проверува на секои 3-7 години. Антифризот во тој временски период ќе треба да се надополнува или заменува. Заштедите и заработувачката на системот најмногу зависат од квалитетот на системот и материјалот кој е користен, но и од навиките на самиот корисник.
4. Дали соларниот систем е вашиот вистински избор?
За да може ова прашање ние најдобро самите на себе да си го одговориме, може да ги разгледаме следните нешта:
– Дали имаме и дали сме го искористиле местото со најмногу сонце, за поставување на сончевиот колектор?
– Колкав простор на располагање имаме за поставување на бојлери или бафери?
– Дали резулатот од поставениот систем е она што сме го очекувале и барале?
Leave a Reply