Со зголемувањето на сончевите денови и со зголемувањето на дневните температури, градежните работи го зголемуваат својот опсег на работење. Со тоа на наша адреса пристигнуваат многу прашања поврзани со греењето, и со начинот на инсталирање бидејќи инсталирање на системите за греење кога објектот е претходно завршен потребни се дополнителни финансии. Прашањата главно се фокусирани за инсталирање на подно и радијаторското греење и придобивките кои се доколку ги инсталираат во нивниот дом.
Доколку постои нерешителност околу начинот на греење дали да инсталирате подно греење или радијаторско во вашиот дом можете да прочитате во радијаторско VS подно греење, а сега нашето вниание ќе го насочиме кон инсталирање на подното греење.
Инсталирањето на подното греење во вашиот дом започнува со тоа што на подот поставувате првин стиропор. Дебелината на стиропорот варира односно може да биде 3 сантиметри или 5 сантиментри зависи од ваша желба и од финансиските можности, но се разбира дека поголемата дебелина е подобра. Инаку стиропорот може да биде обичен рамен или пак специјален за подно со испапнати делови (печурки) на горната стран.
На обичниот стиропор, цревото се поставува на пластични шини, а се прицврстува на него со специјални пластични делови т.н елки, додека пак кај стиропорот специјален за подно греење цревото се витка околу печурките, како што можете да видите на сликата. Околу виткањето на цевките, колку да бидат разделени една од друга зависи и од големината на самите цевки. Ние ќе зборуваме за полиетиленско црево GIACOTHERM со антиоксигенска бариера од програмата на Giacomini. Оптималната одалеченост помеѓу цевките е околу 15 cm. За правилно поставување на цревото во просторијата, околу рабовите на просторијата цревата се поставуваат поблиску една до друга додека на средишниот дел на просторијат се поставуваат поодалечено.
Во системот за подно греење се поставува и најлон (целофан), а во зависнот од од тоа кој како го монтира, се поставува и над цревото и под цревото но само доколку стануа збор за црево кое е инсталирано на обичен рамен стиропор.
Над вака поставените црева се става кошулицата. За поголема ефикасност при загревањето на просторијата, во кошулицата се додаваат најразлични адитиви наменети специјално за подно греење.
Тука се поставува прашањето колку метри црево ќе биде потребно за некоја определена квадратура. Во глобала се пресметува дека на 1 метар квадратен одат околу 6.5 метри црево. Значи доколку имаме просторија од 50 метри квадратни и сакаме да ги зареваме со помош на систем за подно греење, ќе ни бидат потребни околу 325 метри црево за подно греење.
За системот да работи, потребно е котел кој ќе ја загрева водата, без разлика дали тоа ќе биде електричен котел или пак котел на цврсто гориво потребно е само да биде правилно поврзан со касетата каде се наоѓаат модулите за подно греење.
За поврзувањето на модулите за подно греење со цревото ќе зборуваме во следните постови и како се регулира различно температурата во различни простории.
За сите поврзани прашања со темава отворени сме за соработка.
Регистрирајте се на следниов линк и добијте понуда за подно греење https://www.termosistem.mk/account/register
Mitko. says
Zdravo.
Planiram da postavam podno greenje pa gi citav site vasi postovi za ovaa tema. Imam poveke prasanja no za pocetok..
Tuka spomnuvate aditivi koi se stavaat vo betonot za kusulicata, ako moze konkretno nekoi takvi proizvodi i kade moze da se najdat?
Vi blagodaram.
Dario says
Почитувани,
Адитив за кушулица може да набавите од нас, повеќе информации околу цената и карактеристиките ќе добиете на вашиот меил.
Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете.
Со Почит,
Термо Систем
Ема says
Здраво, Ве молам кажете ми дали може ваков систем на греење да се приклучи на градско парно? Наместо грдите радијатори сакаме да ставиме подно греење.
Благодарам,
Ема
Dario says
Почитувани,
Можете да поставите подно греење и на топлификација меѓутоа ќе ви бидат потребни повеќе вентили кои би го регулирале притисокот, како и температурата на водата која ќе влегува во подното и нормално да бидете спремни да го реновирате станот бидејќи ќе треба да поставувате нова кошулица на подот.
Со Почит,
Термо Систем