За да се пресмета потребната топлина во една зграда неопходно е да се разгледа самата структура на таа зграда како и степенот на изолација и дисперзија низ ѕидовите. Од друга страна тука е и самата потреба за топлина која може да се разликува од една во друга соба врз основа на тоа за што ќе се користи самата соба.
Многубројните истражувања и анализи на системи за греење покажуваат дека системот на панелно зрачење со соодветна големина (димензионираност) кој користи модерна технологија му овозможува на човечкото тело подобра удобност и благосостојба отколку нормалните системи за греење. Чувството на удобност се добива со константа и воедначена температура во различни соби.
Дистрибуцијата на температурата во одредени простории се утврдува од страна на т.н. крива на идеална топлинска удобност врз основа на тоа кои подрачја поблиску до подот мора да имаат малку поголема температура од подрачјата во близина на таванот.
Кога ќе се споредат кривите на удобност на различните системи за греење станува јасно дека подното греење обезбедува најблиска удобност со идеалната крива.
Познато е дека невооедначената температура во различни простории кои предизвикуваат топло-ладно ефект го зголемуваат чувството на непријатност кај луѓето со што и директно може да се влијае врз здравјето на човекот.
ASHRAE (American Society of Heating, Refrigerating and Air Conditioning Engineers INC) ја дефинира удобноста како ментална и физичка благосостојба на една личност во однос на неговата/нејзината околина.
Но, оваа сотојба во голем дел зависи и од активностите што едно лице ги има во одредена просторија па затоа се користат и параметри поврзани со видот на активноста која влијае на нивото на метаболизмот (1 MET = 58 W/m2) и видот на облеката која се користи (CLO) која е приближна на топлинската отпорност понудена од страна на облеката (1 CLO = 0,155 m2K/W).
Индексот кој е најблиску до физичките и психолошките варијабли на топлинската удобност е PMV (Predicted Mean Vote), кој претставува просечен глас очекуван од одреден број на луѓе во услови на благосостојба во соодветното опкружување.
Друг многу важен индекс за евалуација кој се добива преку PMV е PPD (Predicted Percentage of Dissatisfied – Предвиден процент на незадоволство), кој ги разгледува незадоволените индивидуалци врз база на одредени микроклиматски услови.
ISO/DIS 7730 (“Определување PMV и PPD индекси и спецификација на услови на топлинска удобност”) го предвидува условот за удобност согласно PMV вредности кои се движат помеѓу + 0.5 и – 0.5, што одговара на <10% PPD.
На табелата се дадени некои резултати од истражување кои дефинираат одредени категории врз основа на вредностите на PPD и PMV.
Возможно е да се определат некои референтни вредности за оперативна температура и вентилација за одредени видови на примена во согласност со CR 1752 и ISO/DIS 7730. Овие референтни вредности се дадени во табелата подолу.
На ваков начин, целосно се елиминираат струењата на воздухот кои предизвикуваат значајни и штетни промени во температура на нашето тело.
Покрај тоа, со елиминирање на струењето на воздухот ги елиминираме исто така и движењата на прашината која се движи во просторот. Таков проблем се јавува кај радијаторското греење.
Температурта која што се прима од нашето тело не е само онаа која доаѓа од воздухот, туку и од површините кои се околу нас и зрачат топлина, што лесно може да се забележи од следните графици.
Бидејќи подот докажува дека претставува доволна површина која зрачи топлина, со овој систем возможно е да се одржува температурата на пониско ниво додека обезбедуваме исто чувство и удобност. Со пониска температура на воздухот, како надополнување на подобрување на самиот квалитет на воздухот, ќе избегнеме чувства на тежина кое не опфаќа кога ќе влеземе во прегреана просторија.
Имајќи голема површина која грее со ниска температура на водата практично значи дека ќе нема струење на воздухот што доведува до намалување на влагата на самиот воздух. Понатаму, оваа иновативна технологија избегнува преголема подна температура која предизвикува проблеми со слаба циркулација на крвта и отоци на нозете што беше случај со инсталации на подно греење во 1950-тите и 1960-тите години на минатиот век.
Со еден ваков систем се постигнува природна благосостојба, што не е случај и со традиционалните радијаторски системи.
[…] топлинска удобности повеќе можеш да прочиташ во Со подно греење до идеална топлинска удобност)да се користат обновливи извори на енергија, […]