Собен термостат

soben termostatДенес ќе зборуваме за Собен термостат, на кој можеби не обрнуваме доволно внимание, кога внимателно го избираме уредот за ладење и греење на нашиот дом. Собниот термостат е дизајниран да ви донесе удобност и заштеда на енергија, елиминирајќи ја честата потреба од мануелно ракување и подесување на саканите температури и бараните позиции. Собните термостати можат да бидат жични или безжични, мерејќи ја температурата на воздухот во просторијата и постигнувајќи ја програмираната и бараната температура. Кога избираме да користиме безжичен термостат, мора претходно да ги обезбедиме потребите услови за да ги намалиме оние пречки во приемот и преносот на сигналот, кој знае да се случи кога во просторијата има повеќе електрични уреди. Постојат механички и дигитални собни термостати, кои се разликуваат од начинот на кој температурaтa е снимена во термостатот. Механичкиот термостат едноставно кажано, работи како и нормалните термометри, базирани на жива. Дигиталните термостати работат со користење на термистор кој конвертира пратени информации, во точни дигитални читања. Механичкиот термостат може да задржи температури кои се често 1°C повисоки од сетираните, ненамерно да користи до 10% повеќе енергија и побавно реагира на температурни промени.Soben termostat dijagramВо периодот на сестрана дигитализација, механичките термостати полека го губат своето место на пазарот. Тоа се должи и на честите неточни читања и бавни одговори. Со самата можност на програмирање на различни нивоа на удобност во текот на денот, не само што овозможува целосна контрола на потребите на вашиот систем на греење, тоа е и одличен начин за подобрување на енергетската ефикасност.

Остави коментар

*