Соларни панели за производство на електрична енергија и нивна примена

3D-Haus-mit-SunnyBackup-System_10

Иако е точно дека сончевата светлина е бесплатна, електричната енергија која се произведува од соларните-PV системи не е. Постојат многу фактори кои влијаат на исплатливоста да се инсталираат PV системи во еден дом.

Трошоците за соларната енергија

Во продолжение ќе ви објасниме некои од факторите кои се врзани со трошоците за поставување на соларни панели и нивна исплатливост.

Прво прашање кое се поставува е местото на живеење

Луѓето што живеат во деловите на земјата каде што поголем дел од времето е сончево имаат поголема предност од луѓето што се населиле во помалку сончевите делови, бидеќи нивните системи се во состојба да генерираат повеќе електрична енергија. Таа нивна местоположба на самиот почеток ги става во предност и подобра позиција на уживање на сончевата светлина. Електричната енергија, нејзината цена на чинење варира од едно до друго место, такашто оние кои живеат посеверно и имат значително високи цени за електрична енергија веројатно убаво би размислиле дали да постават соларен панел.

Второ е прашањето за инсталационите трошоци кои се непоходни за да се постави соларен систем.

Во минатото, почнувајќи од 2009 година, поставените резидентните соларни панели во просек некаде биле помеѓу 8-10 долари на вати, за инсталација (извор: Национална Лабораторија за Обновлива Енергија). Колку системот е поголем, толку трошоците се помали. Важно е да се запамети дека многу системи на соларна енергија не го покриваат целосно, 100% оптоварувањето на електрична енергија.

Покрај пониските сметки на електрична енергија, постојат и други потенцијални начини да се покријат трошоците на PV системите за жителите и корпорациите кои сакаат да се надградат и одат кон соларниот свет. Во такви олеснувања спаѓаат: државните субвенции и покривање на дел од трошоците, попусти од компаниите кои ги нудат тие производи, како и други начини на финансирање.

Фотовалтично соларно напојување на куќа

Што треба да направите за вашиот дом да го снабдите со соларна енергија?
Иако зборувавме дека поставувањето на соларни панели не е многу тешко  да се изведе, не значи дека за овој процес не е потребно стручно лице со инструкции и секако искуство во монтирањетио на соларни системи. Едно од најважните работи кога се поставува соларен панел е самата конструкција на кровот на кој истата се поставува. Не секој покрив има добар агол за да може да се постави соларен панел, со цел максимално искористување на сончевата енергија. Метереолошките податоци даваат просечно месечно ниво на сончева енергија во различните географски предели, се земаат во предвид врнежите од дожд, облачните денови, степенот на влажност и сите останати фактори. Треба да се дизајнира во најлошиот месец, така што ќе се има доволно количество на електрична енергија во текот на целата година. Со сите тие податоци и со информациите за вашата просечна потрошувачка како домаќинство, може да знете колку PV би ви биле потребни.

Без разлика на потешкотиите со кои можеби некој сеуште се соочува при поставување на соларен панел, но со подобрувањето на технологијата трошоците за користење се намалуваат.

Остави коментар

*