Соларни Системи: Акција на Влада на РМ

Акцијата за соларни системи е активна и сите информации можете да ги видите на официјалната страна за акцијата.

Соларни системи

Владата на Р.М објави дека оваа година од буџетот ќе одели околу 6 милиони денари кои ќе ги додели како субвенции на домаќинства кои ќе инсталираат соларни системи во своите домови. Акциијата ќе трае до 31.5.2012 и имаат право на учество сите граѓани кои во тој период ќе инсталираат соларни системи во својот дом. За информацијата, како и потребните документи можете да проверите на страната на Министерство за Економија (иако често имаат технички проблеми, се надеваме дека ќе успеат да ги отстранат).

Висината на субвенциите во зависност од цената на целокупната инвестиција, ќе изнесува 30% до максимум 300 евра и ќе ја добијат околу 350 домаќинства. Извлекувањето на субвенциите, ќе се одвива јавно и при целокупната постапка нема да се обрнува внимание на тоа кој прв а кој последен ги доставил потребните документи за субвенцијата туку да ги поднесат до 31.5.2012.

Во тој контекст ние од Термо Систем работиме на целокупната проблематика и изготвуваме промотивен пакет со целокупната опрема која е потребна за беспрекорна и успешна работа на соларниот систем. Термо Систем активно ќе се вклучи во поддршка на акцијата. За таа цел во моментов сме во завршни процедури со договорите, а нашите партнери се реномирани произведувачи надалеку познати по својот квалитет, се со цел да се држиме до своето мото дека квалитетот е најефтин.

Промотивниот пакет ќе биде и со промотивна цена, така да очекувајте мало изненадување од наша страна.

Во меѓувреме можете да не контактирате за било какви прашања во однос на соларни системи и она што ќе следува или преку контакт формата или на email info@termosistem.com.mk. И за двете опции нашиот тим е тука со најголем приоритет да ви помогне.

Trackbacks

  1. […] повод последната акција на Владата на Р.М за субвенционирање на сончевите колектори, и по повод […]

Остави коментар

*