Соларни системи: Загревање на домот, базенот и санитарна вода

Акцијата за соларни системи е активна и сите информации можете да ги видите на официјалната страна за акцијата.

Во изминатиот период добивме многу прашања во врска со можностите за загревање со соларните системи. Врз основа на тие многуте прашања кои што пристигнаа на нашата адреса за греењето со помош на соларна енергија ние направивме една симулација во T*SOL софтверот се со цел да ги разјасниме проблемите кои што произлегуват од ова прашање.

Примерот кој што е земен се однесува на инсталирани 20 вакуумски колектори а секој од колекторите по 15 вакуумски цевки и бојлер со капацитет од 1600 литри и е наменет за домаќинство односно стамбена куќа со површина од 100 м2,со поставена изолација на надворешни ѕидови, добро изолирана како и  инсталирано подно греење. Соларниот систем служи за покривање на потребите за санитарна топла вода, загревање на базен како и за загревање на просторот.

Во испитувањето е предвидено потрошувачката на санитарна топла вода да изнесува 150 литри секој ден од годината на температура од 45˚С, загревање на базен со димензии 6 х 5 метри и длабочина на базенот 2 метри во период од 1 Мај до 1 Октомври, како и загревање со подно греење на 100 м² стамбена површина во период од 1 Октомври до 1 Мај, каде температурата на водата во базенот ќе биде повеќе од 26˚С  преку целиот период а средната температурата на водата во базенот  во просек преку целата сезона би била 30.5˚С.

Симулација за греење на базен, подно греење и санитарна топла вода со соларен систем

Резултат од симулацијата

  • Инсталирана колекторска моќ: 32,90 KW
  • Зрачење на колекторска површина: 48,28 MWh
  • Произведена енергија од колектори: 25.36 MWh
  • Произведена енергија од соларен круг: 23.19 MWh
  • Енергетски потреби за санитарна топла вода: 2.23 MWh
  • Енергија потребна за загревање на просторот: 15.3 MWh
  • Добивки од солар за греење: 7.68 MWh
  • Добивки од солар за санитарна топла вода: 4.13 MWh
  • Потребна енергија за базенот:  11.38 MWh
  • Енергија од дополнителниот систем (помошно греење од електричен котел): 8.08 MWh
  • Заштеда на енергија(струја): 26,071 МWh
  • Избегнати CO2 емисии: 17.363,69 kg
  • Покривање на домашна топла вода од соларот: 90,1%
  • Процентуално соларно покривање: 59.4%
  • Просечна температура на базенот: 30,5 о
  • Температура на базенот под 26 оC:  97,3% од работните часови
  • Ефикасност на системот: 48%

Основни податоци

Климатски податоци

  • Локација: Скопје
  • Податоци за климата:  Скопје
  • Вкупна годишна глобална радијација: 1,45 МWh
  • Географска ширина: 42˚С
  • Географска должина: -21,45˚С

Топла вода за домаќинството

  • Просечна дневна потрошувачка: 150l
  • Посакувана температура: 45˚С
  • Период на максимална потрошувачка: куќа (максимална потрошвачка навечер)
  • Температура на ладна вода: Фебруари 8˚С / Август 12˚С

Греење

  • Стандардна потрошувачка на струја: 5,6kW
  • Средна стандардна надворешна температура: 10˚С
  • Температура на водата: 40˚С

Надворешен базен

  • Квадратура на базен: 30m2
  • Споредно греење: Не

Компоненти на системот

Соларен круг

  • Тип: Вакумски со 15 цевки
  • Број:  20.00
  • Вкупно бруто површина: 47 m2
  • Вкупна активна колекторска површина: 32 m2
  • Агол на закосување: 55˚
  • Азимут:  0˚

Соларен резервоар

  • Тип: Комбиниран бојлер
  • Запремнина: 1600l

Дополнително греење

  • Тип: Електричен грејач
  • Излезна моќ: 12 KW

Искористеност на соларната енергија како процент од вкупната потрошувачка на енергија за тие потреби во текот на целата година е дадена на сликата подолу.

Искористеност на соларна енергија како процент на вкупна потрошувачка

Ефикасност на системот во режимот на греење

Потребите за загревање на просторот за една грејна сезона е земено да изнесува 15,3 MWh, а учеството на сончева енергија со инсталираниот сончев систем би изнесувала 7,68 MWh, односно  51% од  вкупните потребите за загреевање. Доколку во одредени периоди (зимски период), потребата од санитарна топла вода се намали или топлата вода не се искористи, тогаш истото тоа ќе се искористи за потребите за загревање на просторот и при тоа овој процент од 51% може да биде и нешто повеќе.

Во летниот период вишокот од топла вода што се јавува бидејќе нема потреба од загревање на домот се користи за загревање на базенот.

Доколку  изолацијата на објектот е 10 или 15 сантиметри на стиропор и прозорите се тројно застаклени потребите за енергија се помали а учеството на соларната енергија во % поголема што е практика во Германија и Австрија која се нарекува 50+ (педесет плус).

Се надеваме дека со симулацијава успеавме да презентираме колкава би била добивката доколку користите соларни системи. Доколу имате некакво прашање во врска со темава отворени сме за понатамошна соработка.


 

Comments

  1. Одличен приказ. Ако не е проблем, би било корисно да ја наведете и цената на чинење на овој систем, како и пресметан период на поврат на инвестицијата.

    Поздрав, и продолжете со овие корисни написи.

    • Почитувани,
      Нашиот тим веќе подолг период работи на проектот поврзан со соларните колектори. На почеток на месец март ќе излеземе со целокупен пакет опрема за солар со промотивни цени. Продолжете со следењето на нашата веб страна и навремено ќе бидете запознаени со сите потребни информации поврзани со соларните системи.
      Благодарам однапред на довербата.

  2. Elizabeta Kolevska says:

    Pocituvani!

    Voodusevena sum od vasite inovacii,fakti,naucni i prakticni dejnosti i iskazi.
    Jas redovno gi pratam vasite izvestuvanja i sum clen na vasite strani.Me interesira dali bi mozelo da se postavi solaren sistem na privaten stan i za topla voda i za greenje normalno koga ima sonceva radijacija .Imeno ziveam vo Botola vo stan so okolu 85 m2 .Imavme parno koe dodeka bese isplatliva elektricnata energija go koristevme na struja,poslednite 5 godini go prenamenivme na drva.No i taa solucija ne e bas najeftina.Istata e i nepogodana za unistuvanje na vegetacijata i za zagaduvanje na sredinata so sogoruvanje na ogrevnoto drvo. Stanot ni e na sever -jug,imame i balkoni ,P.V.C dograma.Dali bi mozele da napravime za poeftino koristenje na energija za zagrevanje i za potrebite vo domakinstvoto? Koristenje na instakacijata sto ja imame?Imeno imame zatvoren sistem ,radiajatori od Algreta,kaminot ni e ruski so vnatresen kotel.Imame kotel i od instalacijata na struja .Dali vie rabotite konkretno za privatni [potrebi i stanovi.Dali moze nesto da se napravi?
    Odnapred vi blagodaram! Pozdrav!

    • Почитувана Колевска,

      Ви благодариме на убавите зборови.

      Објавивме и уште еден пост каде се обидевме да ги објасниме придобивките од соларните системи и процентот на ефикасност на системот.Таму е направена симулација за 100 м2 според која ќе можете да направите споредба со вашите 85 м2.
      http://www.termosistem.com.mk/greenje-so-pomosh-na-solarni-sistemi/

      Нашето размислување е дека соларните системи без проблем ги задоволуваат потребите за санитарна топла вода за едно домаќинство во текот на целата година , но за делот на греење можат да помогнат но не и да се користат како основно греење, со нивоте на технологијата со која располагаме денес.
      Најголем недостаток кај делот за греење со соларни системи се јавува во месеците декември и јануари , во кои треба да се користи дополнително греење.
      Според тоа доаѓаме до податокот дека санитарна топла вода може да се искористи и до 100% во текот на годината , а во делот на греење до 20%.
      Секако дека тоа би важело во колку се инсталира опрема со соодветна големина и квалитет, и стандардна потрошувачка на топлата вода.

  3. Почитувани имам прашање: Загревање со соларни панели на куќа во Берово, 200метра квадратни, прозори трослојни стакла, изолација од надвор 15см стиропор, внатре 5-10см со стаклена волна … колкава амбиетална температура може да постигне и со колку соларни колектори?

    • Почитувани,

      Со солар не препорачуваме да се греење ако сакате конкретни резултати од евентулано поставување треба да си ангажирате проектно биро кое се занимава со тоа и да ви направи пресметка Вака во еден чекор неможеме да дадеме конкретен одговор.

      Со Почит,
      Термо СИстем

Trackbacks

  1. […] минатиот наслов пишувавме за загревање на куќа и базен со помош на сончева енергија и како  би изгледала целокупната слика, што […]

  2. […] истражувања кои ги објавивме во минатите постови за загревање на простор од 100 метри квадратни, загревање на базен и санитарна топла вода за […]

Остави коментар

*