Сонцето на дланка

SlikaДенес во светот се искористува нешто помалку од 0.1% од соларната енергија за задоволување на глобалниот енергертски глад. Но како одминува времето,нашата свест за користење на сонцето како извор на енергија станува се поголема. Бидејќи во голема мера сме одговорни за она што навистина се случува, ние сме и најдобро подготвени да се справиме со овие проблеми и да спречиме понатамошна штета на нашата планета. Токму промоцијата на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, како и едукацијата на населението може да помогне во градење на поубава слика на нашата планета.
Искористувањето на сончевата енергија е со големи бенефити, а еден од нив е исплатливата инвестиција во сончеви колектори, која инвестиција целосно се враќа за околу 4 години, а во наредните 25 години имаме бесплатна енергија. Најдобриот извор на енергија во светот е на осум минути од Земјата, време за кое сончевите зраци стигнуваат до нас. За само петнаесеттина минути сонцето ни испраќа толку енергија колку што му е потребно на човештвото за една година и ако научиме разумно да ја користиме оваа енергија, тогаш ќе можеме да ги решиме енергетските проблеми во иднина.
Луѓето уште од најстари времиња ја сфатиле користа и значењето на Сонцето и неговата енергија. Не случајно во најголемиот број древни култури во светот врховно божество било Сонцето или некоја негова претстава.
Користењето на сончевата енергија преку пасивни соларни системи е познато неколку илјадници години, а од друга страна за активните соларни системи кои користат механичка енергија (електрични пумпи или други апарати) за да го пренесуваат воздух, вода или други флуиди од местотo каде се наоѓа колекторот до местото каде е складирана топлината, луѓето се повеќе се информираат.
Инвестирањето во енергетски ефикасни технологии, системи и процеси, може да обезбеди еколошки, економски и социолошки поттик за постигнување на “зелен развој”.
“Правилното искористување на изворите на енергија и користење разумни мерки за енергетска ефикасност, ќе доведат до ценовна стабилност и сигурност во снабдувањето со енергија, развиениот свет би ја одржал својата благосостојба, а земјите во развој ќе го забрзаат својот економски раст и ќе ја намалат стапката на сиромаштија.”

Остави коментар

*