Сончеви колектори што произведуваат струја постојано

solarna energijaСо субвенциите за поставување на соларен колектор, кои нашата влада ги доделува, многу позитивно се влијае на свеста на луѓето, кои се почесто почнаа да пројавуваат интерес за соларната енергија. Во нашата земја најмногу се користат соларните системи кои првенствено се наменети за добивање на топла вода. Тоа најмногу се должи на фактот што колекторите наменети за добивање на топла вода се многу поефтини, во однос на колеторите наменети за добивање на струја(фотонапонски панели). Исто така големо влијание тука претставува и технологијата, која што сеуште се развива во правец фотонапонските колектори да произведуваат повеќе струја. Но како и да е, не треба многу да сме паметни за да заклучиме и самите во што е иднината. Tоа е секој дом да биде што е можно енергетски по ефикасен и самиот да произведува струја за своите потреби. Но од тоа сме барем за сега сме сеуште далеку, но технологијата секој ден напредува и во блиска иднина можеби ќе можеме за малку пари, да бидеме енергетски независни.

Во тој сегмент се вклучени сите идни погледи и планови. Инаку суштината на секој соларен состав го чини соларниот фотонапонски модул, кој произведува струја директно од сончевата светлина. Соларните модули апсорбираат бесплатна сончева енергија којашто ја претвараат во електрична енергија. Нема никакви подвижни делови, па затоа е долготраен. Не емитуваат никакви штетни гасови, а и не бараат некакво големо внимание и одржување. Но сепак за да работат мора да има сончеви зраци. Дали тоа би можело да се промени?

Италијанската компанија Ени го тестира новиот прототип, фотонапопнски модул кој е подеднакво ефективен на облачно и за ведро време. Новиот модул, таканаречен луминисцентен соларен концентратор, содржи посебна врста на флуросцентна облога која подобро ја искористува сончевата енергија. Според начинот на користење на внатрешната рефлексија која се применува како оптички влакна, емитираното сончево зрачење се води до рабовите на плочата каде што се концентрира на мали површини конвенционални фотонапонски ќелии кои тоа зрачење го претвараат во енергија. Од компанијата Ени тврдат дека прототипот може да се користи директно, или индиректно со сончевото зрачење бидејќи модулите би имале ист ефект и на сончево и на облачно време. Сите од постоечките прототипи до сега произведуваат 500 w кои се користат за полнење на батериите за електрични автомобили.

Значи ова е само еден дел од глобалната индустрија која работи на добивање чиста и бесплатна енергија. Како што можеме да заклучиме, се оди на тоа фотонапонските панели да произведуваат електрична енергија дури и кога времето е облачно. Останува уште да видиме кога ќе се појават на пазарот и нормално колку ќе чинат.

Остави коментар

*