Совети за подно греење со елемeнти од програмата на Giacomini

u2Градите куќа или пак реновирате стан? Размислувате со кој систем на греење да се обезбедите? Сакате едноставен систем кој ќе ве загрее во текот на ладните зимски денови!Еден од начините за решавање на греењето во вашиот станбен објект е вградување на подна инсталација за греење, кој што може да грее на база на вода (се вбројува во најпопуларните системи за греење) или пак да биде електрично подно греење.
За да се инсталира едно подно греење потребно е просторијата соодветно да биде изолирана. Изолацијата на подот во вашиот дом ќе придонесе за полесно и поефикасно загревање на самата просторија која се грее.
Подното греење со вода работи со цевки кои се наменети за подно греење и кои се поставени под подот. Низ тие цевки тече вода која е загреана и притоа ја оддава топлината кон подот. Водата се загрева со одреден извор на енергија која е на располагање, дали природен гас, котел на нафта, топлинска пумпа или електрична енергија.
Цревата наменети за подно греење се изработени од полетилен и уште ги нарекуваме како пекс црева. Најсовремените црева имаат и дополнителна заштита со антиоксигенска бариера. Таа бариера го спречува навлегувањето на воздухот преку микропукнатините на цревото која во допир со водата формира алги во внатрешноста на цревото. Со зголемување на таквите алги се намалува протокот на водата, со што се губи и од квалитетот на греењето. Постојат и адитиви кои се поставуваат внатре во цревата за да се спречи оваа појава на формирање на алги.
Максималната температура на подното греење според пропишаните правила и норми е ограничена на 29°C, температура која е пропишана заради здравствени причини.

Неопходни работи кои треба инсталатерот треба да ги снадби со целиот составен дел на материјали за подно греење во кои спаѓаат стиропорот (Ви го препорачуваме стиропорот за подно греење од програмата на Giacomini, со печурки, дополнителна изолација и двојно пресуван), цревото за подно греење ( Наш предлог: Полиетиленско црево за подно со антиоксигенска бариера Giacomini), адитив за подно (Адитив за заштита на цревото за подно греење, 1 литар), Мешачки вентил трокрак/ четврото крак и сите оние дополнителни фитинзи кои се потребни.
Доколку имате поставено радијаторско греење а сакате во вашата бања, кујна, ходник да поставите подно греење ви препорачуваме да си поставите сет за подно греење кој најчесто се поставува на кругови до 15м2. Во сетот за подно доаѓа пластична кутија во која се поставени термостатска глава за подно со сонда, специјален тештик за влез и излез на топлата вода и автомаско лонче за воздух. Од разводната касета до кутијата топлата вода се пренесува со алумпласт, а потоа подното се мести со специјалното црево за подно и се враќа во касетата. Со помош на термостаската глава си ја подесуваме тепературата која сакаме да биде на подното. Имено, самата кутија идеално е да се постави што е можно пониско до подот за полесно да ја подесиме тепературата. Многу важно е да знаме дека една кутија може да контролира само еден круг подно, но може да се постават повеќе вакви сетови во една куќа. Исто е битно да се знае дека една од друга инсталација се независни и зададените теператури може да им се различни, согласно вашите потреби.
Дополнителен совет за максимална заштита!
Температурата во просторијата може да се постави 2 степени пониско и со тоа се заштедува 12% енергија и пари.
Доколку при инсталација на систем на греење, се внимава на сите дополнителни предуслови за системот беспрекорно функционира, со тоа добивате ефикасен систем за греење.

Comments

  1. dali bi bilo izvodlivo da se postavi podno greene vo stan okolu 70m2 na kamin na peleti bez pritoa vo istata prostorija da ima instalirano parno…t.e. dali bi bilo dovolno za zatopluvane?
    Vi blagodaram odnapred

    • Почитувани,

      Може да се постави подно греење во Вашиот стан меѓутоа мора да се ископа постоечката кошулица и да поставите нова со подното греење.

      Со Почит,
      Термо Систем

Остави коментар

*