Споредба помеѓу рамен плочест колектор и колектор со вакумски цевки

Акцијата за соларни системи е активна и сите информации можете да ги видите на официјалната страна за акцијата.

Вакумските колектори  и рамните плочести колектори се двата главни типа на соларни колектори кои се на располагање на сопствениците на домаќинства за соларно загревање на водата.

Долгогодишен аргумент постои за разликите помеѓу овие два типа колектори.

Постојат повеќе разлики.

Соларен колектор со вакуумски цевкиФизичка структура и површина

Еден квадратен метар на покривот покриен со колектор со вакумски цевки (колектор-бруто површина) е поголема од површината на абсорберот на колекторот (апсорберска површина). Колекторите со вакумските цевки имаат помала апсорберска површина во однос на бруто површината (обично 60-80% од бруто површина) во споредба со плочестите колектори каде оваа разлика е многу помала. Меѓутоа,благодарение на конструкцијата на вакумската цевка,во однос на абсорберската површина,  вакумските колектори се поефиксни во споредба со плочестите на годишно ниво, дури 20-30%. И ова ги прави попогодни, особено кога станува збор за ограничен простор на покривот.

Загуба на топлина

Плочестите колектори обично губат повеќе топлина во околината од вакумските цевки и оваа загуба се зголемува со температурна разлика. Кај вакумските цевки, благодарение на вакумот кој е одличен изолатор, нема загуби на топлина од конвекција и кондукција, кои се значително поголеми кај плочестите колектори. Во принцип, по инсталиран квадратен метар(бруто површина на колектор), вакумските цевки испорачуваат  повеќе енергија кога околната температура е ниска (на пример, во текот на зимата), или кога небото е облачно на подолги периоди.

Поради конструкцијата на самата цевка, заобленоста на вакумските цевки, овозможува да колектори го абсорбираат сончевото зрачење независно од аголот на сонцето,речиси преку целиот ден,односно имаат т.н пасивното следење на сонцето.

Вакумските колектори имаат предност во услови на мраз. Кога надворешната  температура на воздухот паѓа под нула степени,  плочестиот колектор треба да се чува од замрзнување за да се спречи оштетување. Едно парче од стакло е лош изолатор и топлина од плочата  лесно се предава на околината, за разлика од кај вакумските колектори.

Меѓутоа, не постојат докази дека двете колекторски технологии се разликуваат кога станува збор за долгорочна сигурност.

Примена на двата типа на колектор во зависност од температурната разлика

Соларни колекториПлочестите колектори можат да биде соодветни и во тропските или суптропските средини ако топлата вода треба да се загрева до 70 °C. Вакумските колектори се преферираат кога се потребни повисоки температури на водата.

 

Зимно време, плочестите колектори ќе останат покриени со снег во текот на облачно време, но сепак, кога ќе се појави сонце, колекторот ќе се загрее малку при што ќе се создаде тенок слој на вода помеѓу стакло и снегот. Понатаму гравитацијата го прави останатото, овозможувајќи на снегот да се лизга од колекторот.

Соларни колектори во зима

 

Во принцип, плочестите колектори се поедноставни за чистење поради рамната површина, за разлика од вакумските цевки, каде нечистотии и листови можат да се нафатат помеѓу самите цевки, што го отежнува чистењето.

 

Вакумските цевки се изработени од боросиликатно стакло, а плочестите колектори со калено (темперирано) стакло.

 

Графиконот подолу покажува дека еден типичен плочест  колектор има максимална ефикасност од околу 80% кога  влезната температурата на водата е еднаква на надворешната (амбиентална) температура на воздухот. Како температурната разлика помеѓу водата и воздухот се зголемува, ефикасноста на плочестиот колектор паѓа поради тоа што губи повеќе енергија на пониски температури, од вакумскиот колектор.

Ефикасност на слорани колектори - вакуумски во однос на плочести

Покрај ефикасноста, постојат и други разлики:

 

  • Цевките кај вакумските колектори можат да се заменуваат индивидуално без запирање на целиот систем.
  • Не постои кондензација или корозија во цевките.
  • Плочестите колектори се сепак поевтина опција.

 

Comments

  1. kolku bi kostal eden vakumski sistem so 20cevki so okolu 170l voda.i kolku se kvalitetni ovie sistemi bidejci kaj nas se montiraat pretezno kineski sistem.?blagodaram

    • Почитувани,
      Ние од Термо Систем работиме подолг период на прашањата поврзани со соларни системи, на таа основа на почеток на месец март ќе излеземе со официјална промотивна понуда за целокупната опрема која е потребна како еден систем би работел беспрекорно. Колекторите нема да бидат произведени во Кина, туку од реномирани производители чиј квалитет е надалеку познат. Промоцијата ќе се состои од промотивни цени, а подетални информации околу целокупната акција ќе ги дознаете од нашата веб страна, каде навремено ќе бидат објавени.
      Благодарам однапред на довербата.

Остави коментар

*