Технома саем посветен на металургијата, електрониката, енергетиката и градежништво

Како се наближува зимата така луѓето се повеќе размислуваат како ќе се загрееат во текот на ладните денови. На пазарот се присутни најразлични шпорети, котли, греалици, односно грејни тела кои како извор за енергија користат најразлични енергенси. За да имате подобар преглед на системите за греење за две недели започнува меѓународен саем посветен на металургијата, електрониката, енергетиката, неметали и градежништво. Таму можете да се запознаете со сите видови на греење и би можела да го препознаете вашиот евентуален избор.

Инаку и ние Термо Систем како и секоја година и оваа ќе бидеме излезени на саемот со нашата опрема, особено со опремата за греење од Giacomini програмата.  По тој повод сега  ве повикуваме да присуствувате на овој јавен настан и нормално доколку можете да не посетите. Нашиот штанд ќе биде во хала 4 и ќе биде препозналив по програмата на Giacomini.

Така да од 16 до 20 Октомври во Скопје  ве очекуваме на саемот Технома .

Остави коментар

*