Термо Систем на Технома 2011

Термо Систем на Технома 2011Како и секоја година така и оваа Термо Систем ќе биде присутен со изложување на својата програма на Технома 2011.

Од 18.10.2011 (вторник) до 22.10.2011 (сабота) ќе бидеме присутни на Скопски Саем, хала 4, штанд Giacomini од 10 до 19 часот секој ден.

Ќе биде изложена целокупната програмата на Giacomini, Италија , светски лидер во производство на елементи за греење.

Тука ќе биде и програмата на Wilo , Германија –  светски познат производител на циркулациони пумпи за греење , ладење и водоснабдување.

Ќе биде презентиран и Radiatori 2000  од Италија, производител на алуминиумски радијатори при што ќе може да се види веќе познатиот модел Kaldo.

И секако Borpan од Tурција, производител на панелни радијатори и цевни регистри.

Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со производите и да ги видат во живо, да добијат технички информации, каталози, проспекти и да најдат одговор на своите прашања.

За производите ќе има специјален саемски попуст.

Остави коментар

*