Топчести вентили

Топчест вентил

Денеска ќе пишуваме за вентили кои својата употреба ја наоѓаат речиси секаде и без нив ниеден систем не би можел да работи. Ќе пишуваме за топчестите (кугла) вентили од програмата на Giacomini.

Не дозволувајте името на вентилите да ве прелаже за тоа каков е обликот на истите, бидејќи тие немаат облик на топка, па од таму да го имаат добиено името.

Инаку до идеја за пишување на тема поврзана со топчестите вентили дојдов, кога во нашите простории дојдоа луѓе кои имаат поставувано парно греење во многу објекти (индивудуални објекти и колективни домови ) и го слушнав нивниот проблем. Мајсторите (монтерите) кои инаку се професионалци во својата работа, имаа еден многу голем проблем, инвеститорот не сакал да ги исплати за работата која ја имаат завршено. Причината поради која тоа е така е, затоа што топчестите вентили кои што ги имаат монтирано на системот за греење,водовод  почнале да протекуваат како да се славина за вода. За да во иднина не се случуваат проблеми од овој тип и да не мора да се преправаат работите, а со тоа да се губи време и пари, ние ги препорачуваме топчестите вентили од програмата на Giacomini.

Топчест вентил за гас

Топчестите вентили на Giacomini се со целосен проток за разлика од повеќето кои се со т.н стандарден проток. Тие се дизајнирани со многу големо внимание, а преку многубројните тестирања кои ги имаат направено, се заклучува дека се со најголем квалитет, и  не можат да се споредат со ниту еден друг вентил присутен на пазарот.

Особено внимание е посветено на издржливоста на вентилите односно до кој притисок можат да работат. Топчестите вентили на Giacomini работат на притисок до 42 bar, и можат да се користат во системи со пареа или во системи низ кои се пренесуваат опасни течности како што се земјениот гас или нешто слично. Топчестите вентили наменети за топла и ладна течност можат да работат до 185 степени додека пак  топчестите вентили  наменети за гас до 135 степени.

Топчест вентил со холендар

Вентилите се дизајнираат така што загубите во притисокот се многу минимални. Во зависност за каков вид на медиум станува збор, топчестите вентили можат првенствено да бидат наменети за течен медиум или пак за гас. Но во зависност за намената или можностите кои се при изведбата на инсталацијата топчестите вентили можат да бидат и со холендар. Топчестиот венти со холендар се користи во тој случај каде е потребна раздвоива врска. Се користи за сите неагресивни флуиди, како што се вода, масло, воздух, пареа, нафта, масло за подмачкување. Без разлика за каков вид на топчест вентил станува збор, тие сите се изработени од месинг со хромиран слој, преку кој се добива сребреникав сјај.

Во некој од наредните постови подетално ќе ги опишеме вентилите и каде се можат да се користат, а до тогаш доколку имате некои прашања за нив слободно пишете.

 

Остави коментар

*