Успешна приказна со комбинација на греење, радијаторско со подно

Во глобала во еден објект се инсталира еден вид на греење, дали тоа би било подно греење, радијаторско, со клима уреди инвертор, одлучува самиот корисник. Ваквиот тип на системи за греење веќе не се практикува, туку во глобала се оди на посовремени варијанти. Веќе некој период доста интересно е инсталирање на комбинирано греење и тоа радијаторско со подно.

Во продолжение ќе зборуваме за придобивките кои се од инсталирање на комбинирано греење, и кои се потребните компоненти за тоа да би работело беспрекорно.

Системите за греење најубаво би можеле да се проектираат и вклопат во објектот доколку тој е во процес на изградба. Тука би потрошиле помалку време и пари при инсталирањето на истото, затоа што сите опции се на располагање, додека пак доколку објектот е веќе изграден и уреден опциите за избор на материјал ви се намалени и инвестицијата во глобала е поскапа.

Пред извесен период во нашите простории пристигна барање, за изработување на систем за греење. Се работеше за доградба на објект каде едниот дел веќе беше завршен. Инвеститорот имаше желба во својот дом да инсталира систем за подно греење, но за истото да не потроши цело богатсво. Бидејќи едниот дел од објектот веќе беше завршен и на него имаше поставено паркет, за да не се зголемуваат финансиските трошоци со вадење на паркетот па потоа пак поставување на истиот, ние изнајдовме прифатливо решение.

Излеговме со едноставно но многу елегантно решение, односно со комбинирано греење, радијаторско со подно. На веќе завршениот дел се инсталираше радијаторско греење а на доградбата се инсталира подно. Тие беа поврзани во една иста касета и се загреваа од еден ист котел при што инсталационите трошкови се намалија, а и во иднина трошоците за сметката за струја ќе му бидат помали, отколку кога системите би се поврзале посебно. Ваквиот систем на поврзување и комбинирање на системи за греење е овозможено со сет кој е составен од потребните елементи кои овозможуваат системите да работат беспрекорно.

Од програмата на Giacomini ние ја користиме мешачката група за подно и радијаторско греење R557R – 1, која овозможува комбинирање на системите за греење. Таа е составена од пумпа со чија помош циркулира течноста низ системот, термостатски вентил за регулација на температурата. Термостатскиот вентил е неопходен бидејќи радијаторското греење бара повисока температура односно 90 степени, а подното греење бара пониска температура од околу 45 степени. Сетот содржи и  котелска славина преку која се полни системот и автоматско лонче за обезвоздушување. Тие се така составени што системот работи без никакви пречки во двата  режима на работа (радијаторско и подно) .

Инаку системот за комбинирање на греење немора да се практикува само во случаи како предходниот, туку неговата примена може да биде широко прифатена. Во зависност од желбите на клиентот тоа може да се инсталира во секоја просторија со различен систем на греење (радијатори или подно),  бидејќи има многу можности за комбинирање.

Така да доколку размислувате за инсталација на систем за греење во вашиот дом, приказната за комбинирано греење е вредна за размислување. Па токму поради тоа во наредниот пост ќе зборуваме подетално за мешачката група, како таа се поврзува и како функционира.

Доколку постојат некои прашања поврзани со темава, ви стоиме на располагање.

 

Comments

  1. Zdravo sakam da Ve prasam nesto:Imam instalirano radijatorsko greejne so alumplast creva. Me interesira bidejki kasetata e vo hodnikot i site creva vrvat niz hodnikot i se izvrdeni vo vid na krugovi pred da stignat vo sobite, se postaveni na storopor i folija/najlon dali ima nekakva losa efektivnost od toa?
    Odnapred VI blagodara,

    • Почитувани,

      Стиропорот и фолијата доаѓаат како изолатор за да не ви бега топлината надоле во подот, значи тоа е во ред.

      Со Почит,
      Термо Систем

Остави коментар

*