Акцијата за соларни системи е активна и сите информации можете да ги видите на официјалната страна за акцијата.
Вакуумските колектори се сметаат за најефикасни колектори што би можеле да се најдат на пазарот. Поради својата специфична форма тие имаат и до 30% поголема искористеност
во одност од рамните односно “FLАT” колекторите. Но технологијата секојдневно се развива па покрај надворешниот изглед на вакумските колектори тие развиле и апсорбер кој ќе е поефикасен во однос на стандардниот, односно бакарна цевка во U – форма.
Главен составен дел на колекторот VACUUM CS е апсорберот, кој се наоѓа во внатрешниот дел на вакуум цевката, на кој од надворешната страна е нанесена селективна превлака.
Селективната превлака има висок коефициент на апсорпција кога е изложена на сончево зрачење и низок коефициент на емисија кога е изложена на топлинско зрачење. Во внатрешноста на вакуумската цевка, има бакарна цевка која е свиткана во форма на буквата “U”, на која ултрасонично е заварена алуминиумска фолија која има за цел да ја преземе топлината од внатрешниот дел на вакуум цевка и да ја пренесе на топлинскиот медиум.
Неколку бакарни цевки свиткани во форма на буквата “U” се залемени за собирните цевки од колектор, кои се сместени во куќиште на колекторот кое е добро изолирано со пресувана камена волна, отпорна на температура и испарување. Сите овие компоненти потоа се поставуваат на рамка која подоцна може да се инсталира во различни позиции.
Спротивно од вакуумскиот колектор со U – бакарна цевка, е колекторот со H – цевка кој што во поглед на апсорбцијата е малку послаб. Колекторот со H – цевка во внатрешниот дел има една права бакарна цевка која се протега од почеток до крај на вакуумската цевка и на средината има мала бакарна цевка, која се издвојува под акол од 90 степени и го допира апсорберот на топлина што се наоѓа на внатрешната страна на цевката. Така ја собира топлината од вакуумската цевка и понатаму ја транспортира во горниот дел на колекторот.
Доколку сте забележале вакуумски колектори од ист производител со ист број на цевки а се разликуваат во цената, сега ја знаете зошто е тоа така.
Доколку имате некое прашање поврзано со темава ви стоиме на располагање.
nikola says
Здраво, јас имам купено пред три години Вакуумски колектор и сега имам еден проблем со него значи тој е од 110 литри а сега после три години користење собира само 30 л. Па би сакал да ми кажете во што е проблемот инаку сензорот кога е празен вакумскиот колектор покажува дека е половина полн.
Однапред ви благодарам
Dario says
Почитувани,
Најверојатно станува збор за некакво запушување во системот од нечистотија или се има насоберено каменец. Во вашиот случај е најубаво да го контактирате изведувачот кој ја поставувал целокупната инсталација за да го санира проблемот.
Поздрав
ilco says
za 100 l bojler so spirala za solar kolku vakumski u cevki se potrebni .mestopolozba skopje
Dario says
Здраво Илчо,
За 100L бојлер со изменувач(спирала), потребен е вакуумски колектор со 10 цевки.
Поздрав
serhan says
Neodamna postaiv solarrn sistem so 10 vakumski cevki i 120l boljer temperaturata od boljerot postignuva do 62% a vo cevkite 73 kazete dali e o red ili
Dario says
Почитувани,
Зависи каков тип на цевки имате поставено инаку во глобала ок е 10 цевки за 120 литри, единствено како проблем може да бидат поладните денови од годината кога помалку ќе имате топла вода во бојлерот.
Со Почит,
Термо Систем