Вакуумски соларен колектор

Акцијата за соларни системи е активна и сите информации можете да ги видите на официјалната страна за акцијата.

Вакуумски соларен колекторСе наоѓаме во период каде фосилните горива стануваат се понедостапни за користење бидејќи цените константно им поскапуваат, и се повеќе внимание се обрнува на обновливите извори на енергија. Еколошките извори на енергија се бесплатни и ги има насекаде околу нас. Сега не се оди на тоа како да се дојде  до овие извори туку како да се икористат максимално, односно да им се зголеми енергетската ефикасност. Во тој поглед напредуваат и соларните колектори, кои од рамен почнаа да се произведуваат во вакуумски.

Соларните вкуумски колектори се 20 – 30% поефикасни од рамните (Flat) колектори и со самото тоа нивната употреба е многу поисплатлива.

Една од причините е тоа што дизајнот на колекторската цевка овозможува поголема апсорпција од сите страни на цевката и искористување на сончевите зраци, додека пак втората причина е тоа што вакуумот е одличен изолатор.

Вакуумскиот колектор се состои од серија на цевки во кои постои вакуум. Цевките се обложени со три апсорпциони слоја со цел да акумулираат поголема количина на сончеви зраци, односно топлина.

Во централниот дел од вакуумската цевка се наоѓа бакарна цевка која во внатрешноста е исполнета со специјална течност гликол. Бакарната цевка која се наоѓа во вакуумската цевка е во обликот на буквата ‘’U’’ и најчесто овие колектори уште се нарекуваат и ‘’U-pipe’’ или колкетор со ‘’U’’ цевки.

Соларните вакуумски колектори ја користат сончевата енергија за производство на топла вода. Вакуумските цевки ги апсорбираат сончевите зраци кои ја загреваат течноста (гликол) во ‘’U’’ цевката. Загреаната течност  во цевките се пренесува до бојлерот и со тоа се загрева водата. На овој начин се произведува топла вода за санитарни потреби (туширање, миење), вода за греење на базени и слично.

Главната предност на вакуумскиот колектор во однос на рамниот Flat колектор е во тоа што вакуумскиот колектор има подобра искористеност во есенскиот и зимскиот период, и на таков начин овозможува повеќе искористеност во текот на целата година.

Вакуумскиот колектор е особено погоден за интеграција во системите со централно греење со подно и ѕидно загревање и ладење, и каде што е потребно голема количина на топла вода.

Неколку примени на вакуумски колектори

  • употреба во домаќинствата за топла вода за централно греење
  • употреба во домаќинствата за загревање на санитарна вода
  • комерцијални објекти (греење и топла вода)
  • училишта и јавни институции кои сакаат да ја оптимизираат месечна потрошувачка на енергија
  • болници (греење и топла вода)
  • спортски објекти (топла вода за туширање)
  • хотели и станови, кои конзумираат голема количина на топла вода може да заштедат многу преку сончевиот систем.

Општо земено, секоја институција има потреба од топла вода.

Како најзначајни предности на вакуумскиот колектор во однос на рамниот Flat колектор би ги издвоиле следниве:

  • Значително поголема ефикасност, особено во постудените периоди од годината, значи поголема искористеност во текот на целата година.
  • Зголемено производство на топлинска енергија.
  • Пасивното следење на сонцето: заоблената површината на апсорберот овозможува речиси целиот ден да е изложен на сонце.
  • Трајност: апсорберот е заштитен во вакуум, не е изложен на влажноста.
  • Полесна инсталација и пониски тежина.

Во борбата за се поголема искористеност на енергенсите, вакуумкиот колектор е моментално најдоброто решение за домашна употреба што може да се најде на пазарот. За разлика од рамниот (flat) колектор за приближно иста цена добивате подобар, полесен и колектор кој апсорбира повеќе сончеви зраци благодарение на својата форма, а со својата тежина не претставува  никаков проблем при инсталирањето.  Со неговата поголема искористеност во текот на есенските и зимските денови започна да се комбинира и со подното и радијаторското греење што уште повеќе допринесе за поголемата присутност на пазарот.

Comments

  1. Zainteresiran sum pred se za greenje na dva stana eden vrz drug vo potkrovje na stanbena zgrada vo centaror na Skopje. edniot stan od 90 m2 e priklucen na toplifikacija ( sto rado bi go isklucil) dodeka drugiot od 64m2 koj e vrz nego nema nikakva instalacija. Napomenuvam deka krovot e kos od okolu 22% i preku cel den e izlozen na sonce preku cela godina. Dvata stana se so odlicna izolacija. Ako ste vo moznost da se dogovorime da ja vidite celata situacija i da mi dadete ponuda koja bi bila najefektivna.

    POZDRAV GORAN NAUMOSKI

    • Почитувани,

      Ако сте во можност отавете број за да би можеле да ве исконтактираме и подетално да го разгледаме вашето барање. Бројот можете да го испратите на info@termosistem.com.mk

      Позрдав.

  2. Горан says:

    Минатата година некаде мај месец, поставив термо сифонски соларен колектор со вакумски цевки. Системот се состои од 150 литариски бојлер, 15 вакумски цевки, и компјутерски контролер со сензор за температура и ниво на вода кој го активира вентилот за полнење на ладната вода и на електричниот греач. Целата инвестиција ме кошташе околу 20 000 ден, со сопствена монтажа и може да кажам дека тоа ми е најдобрата инвестиција во животот. Во последниве 10 месеци (сега е фебруар) електричниот бојлер го имама уклучено само дваестина пати и тоа кога беа најголемите студови. Бојлерот работи беспрекорно и секој ден имаме топла вода која зимово се качуваше до 57-60 степени, а летно време до точка на вриење. Едниствен недостаток на овој систем е притсокот. Водата од бојлерот до славините иде по пат на гравитација, а притисокот зависи од висинската разлика помеѓу бојлерот и славините. Протокот не е така лош и овозможува комотно туширање или бањање, но проблем се јавува при разладување на водата кога има потреба жешката вода да се меша со ладната од градскиот водовод. Многу е тешко да се погоди точната положба на славината, бидејки со мало придвижување на вентилот за ладна вода, водата е или жешка или ладна. Имам прочитано негде дека постојат нископритисни електрични пумпи кои се монтираат на водот за жешка вода (DC Solar Water Heater Pump) но кај нас не можам да ги најдам. Ако имате такво нешто ве молам пишете.

Остави коментар

*