Новата грејна сезона е на прагот, а вие сигурно сакате да бидете загреани и да не плаќате високи сметки за парно или пак струја. Еве некои услови кои се важни и треба да се знаат пред да инвестирате во клима уред со инвертер технологија.Големината на просторот (не се однесува на квадратурата на просторот , туку на волуменот од метри кубни на целата просторија) е важен услов. Овој услов е важен од аспект на тоа колкава моќност ќе Ви биде потребна за да се загрее или пак разлади тој простор. Потоа е важно дали во просторот каде ќе се вградува климата има засебно одвоени соби. Изолацијата на куќата или станот се исто така важни, особено дали е ставена фасада (во поново време се ставаат термо фасади со голема изолација) и колку и какви прозорци и врати поседува објектот (и се разбира од каков материјал се изработени, пр. дрво, пластика,алуминиум).
Во оваа група на параметри кои ги објаснуваме се и финансиските можности за да се купи посакуваниот клима уред. Секогаш во процесот на донесување одлука или барање на клима уред кој ќе ги задоволи потребите, треба да се консултираме со стручни лица. Тоа се лица кои имаат соодветно знаење и едукација и со чија помош ќе ги добиеме сите потребни информации за тоа колку е уредот ефикасен и економски исплатлив.
Потребната инвестиција за греење и ладење со инвертер клима уред се сведува на купување и монтажа на клима уредот. Како и секоја друга набавка и во овој случај треба да се обрне внимание на односот цена и квалитет. Почетната голема инвестиција во купување на инвертер клима освен побројните можности ќе добиете и повеќе опции при самото користење, исто така ќе обезбедите и помала потрошувачка на електрична енергија. Клима уредите со енергетска класа “A”, како и сите електрични уреди, можат да постигнат значајни заштеди во потрошувачката на електричната енергија. Секое вложување во нова и подобра инвертер клима се исплати со подоцнежните ниски сметки за струја кои ќе треба да ги плаќате. Освен ова, по правило треба да одбирате уреди кои имаат обезбеден сервис, резервни делови, со други зборови произведувачи кои имаат долга традиција во продажба и работа со инвертер технологија.
Многу ниските температури ја доведуваат во прашање и економичноста на инвертер клима уредите, а каде ли би биле овде обичните клима уреди. Главната карактеристика на греењето со клима е тоа да со нивна помош потрошениот KWh струја, може да оддаде 2-4 Kw топлина во просторот.Сите уреди кои работат на струја можат да оддадат топлина колку што ке потрошат струја 1 KWh за 1 Kw. Инвертер клима уредите, благодарение на работата на моторот на принцип на кои работат топлинските пумпи, овозможува голема ефикасност и повеќе топлина во однос на потрошената струја. Со климатизацијата се обработува воздухот и се доведува до саканата состојба која се карактеризира со следниве параметри: температура, влажност, свеж воздух, чистота, промаја и други. Климатизацијата исто така се применува и за обезбедување на соодветни услови за одвивање на разни технолошки процеси во некои индустриски области, производни погони, складишта и фарми за одгледување на добиток.
Доколку го одбереме овој начин на греење и воедно добро менаџираме со ресурсите со кои располагаме, ќе добиеме ефикасност и економичност во системот за греење со Даикин клима уредот.
Ivan says
Koja e cenata na прочистувачот и освежувачот на воздух од програмата на Daikin, Модел: URURU MCK75JVM-K за домашна употреба
Dario says
Почитувани,
Цената за прочистувачот на воздух ќе ви ја испратиме на меил.
Со Почит,
Термо Систем