
Како работат топлинските пумпи?
Ќе ви кажеме една тајна. Топлинските пумпи всушност не генерираат топлина. Тие ја пренесуваат топлината од едно место на друго. Важна карактеристика на топлината е дека таа природно тече од насока со висока температура кон насока со пониска температура. Со помош на мала количина енергија, топлинските пумпи пренесуваат топлина од амбиенталниот воздух во вашиот дом.
И како влегува во домот?
Всушност многу е едноставно. Откако топлината ќе биде земена од
амбиенталниот воздух се впумпува во спроводници (слични на оние
што можете да ги видите во задниот дел на фрижидерот) полни со
фреон (течност што спроведува топлина) кои потоа ја носат внатре.Но, како може да земе топлина од воздухот кога надвор
температурата е под нулата?
За тоа не треба да се грижите. Дури и на температури под нулата,
амбиенталниот воздух содржи доволно слободна топлина за да го
загрее вашиот дом.
Ви треба домашна топла вода?
Не грижете се, сите топлински пумпи на Daikin како стандард генерираат и домашна топла вода. Доколку го одберете компактната се-во-едно „интегрирана“ единица се е веќе вклучено, што ви штеди на простор и во смисла на површина и во смисла на висина. Сите конекции и хидраулични компоненти се вклучени како стандарден дел. Хидрауликата е пристапна од предниот дел поради што е едноставна за одржување и сервис.
Сите конекции за вода и фреон се на врвот на единицата, со што се обезбедува лесно конектирање и лесен пристап.
Сакате да уживате во удобна клима цела година?
Со топлинската пумпа на Daikin Altherma Ниско температурни се е повеќе од реално. Се што ви треба за комфор во текот на целата година со греење, ладење и домашна топла вода Daikin Altherma Ниско температурни го има и е спакувано во една тенка единица, достапна во широк спектар капацитети со цел да се одговори на сите барања.
Благодарение на високиот квалитет на Daikin инвертер компресорите и функцијата на собниот термостат, се гарантира стабилна и многу прецизна собна температура. За да одговори на сите потреби, има опција на системот да се поврзат разни емитувачи на топлина, како подно греење, конвектори со топлински пумпи или
радијатори за ниски температури.

Која е намената на Daikin топлинската пумпа?
Daikin Altherma високо температурниот систем нуди греење и санитарна топла вода за вашиот дом. Замена на традиционалниот бојлер, што се поврзува со постојните цевки, овозможувајќи ви да го одржите вашиот тековен хидраулично поврзан систем и постојните емитери. Сплит Системот се состои од надворешна единица и внатрешна единица и може да се поврзува со соларнен систем.
Барате безбедност?
Системот е дизајниран да издржи и најсурови зимски услови, што значи ви обезбедува стабилни собни температури во вашиот дом дури и кога надвор е -25 °С. Дополнително, ризикот од легионерска болест може да биде елиминиран благодарение на резервоарот за домашна топла вода. Со повеќе од 50 години искуство со грејните пумпи и скоро 300.000 Altherma единици веќе инсталирани, гарантираме квалитет и сигурна работа.

Ви треба лесно управување?
Со интуитивниот и модерен управувач со работата на системот на Daikin ќе биде лесно за вас! Може да инсталирате разни јазици во управувачот, кој истовремено може да биде и собен термостат и да дава јасен приказ на најважните информации во врска со системот Daikin Altherma. Преземете контрола на комфорот во вашиот дом.

Сакате висока сезонска енергетска ефикасност?
Daikin Altherma Ниско температурни системот е тука да ви помогне! Високиот обем на модулации овозможува топлинската пумпа сама да се адаптира на моменталното побарување на енергија во зградата, додека паметниот управувач на греењето дозволува единицата да биде перфектно скроена по вашите индивидуални потреби и потребите на вашиот дом. Се ова, во комбинација со добро прифатеното управување на Daikin инвертерот, високата ефикасност на топлинските пумпи и можностите за соларна конекција испорачуваат одлична сезонска енергетска ефикасност во текот
на целата година.
Leave a Reply