Полека но сигурно, летните горештини остануваат позади нас, а есенските денови ќе започнат да доаѓаат. Додека во летниот период се обидувавме со сите можни начини нашиот животен простор да го оладиме и да го направиме попријатно место за живеење, сега ќе започнеме да размислуваме како ќе го загреваме во текот на студениот период кој ќе ни престои. Во тој поглед ние ќе се обидеме да ви помогнеме, односно ќе ви предложиме идеално решение за студените денови. Денеска ќе зборуваме за еден нов котел на цврсто гориво кој од неодамна се појави на македонскиот пазар и за кратко време ги исфрли од игра сите негови конкуренти. Станува збор за BURNIT WBS ACTIVE котелот на цврсто гориво.
Котелот на цврсто гориво BURNIT WBS ACTIVE има електронско управување. Тој од надворешната страна е изолиран со високо ефективна изолација, што резултира со тоа што не одава топлина од него, туку само ја пренесува на водата што циркулира во него. Внатре во него има три прегради (промаи) кои што имаат за задача да го задржуваат топлиот воздух внатре во котелот што можат подолго време. Од внатрешната страна котелот исто така е изолиран со челичен лим со дебелина од 5 mm.
Котелот е сигурен при работата и поради својата дебелина и поради елементите за безбедност. Тој исто така е универзален при работата, бидејќи може да работи на дрво или пак јаглен, но може да се пренамени да работи и на пелети. Инаку котелот работи на принцип, со тоа што на долниот заден дел се наоѓа вентилатор кој се контролира преку дигитален дисплеј. Како работи вентилаторот така согорува огревниот материјал. Доколку вентилаторот внесува поголемо количество на воздух во котелот огревниот материјал согорува побрзо и температурата на водата е поголема а со тоа и температурата во просторијата. Доколку воздухот преку вентилаторот влегува во помали количини, огревниот материјал согорува пополека.
Самото тоа што можеме да го контролираме вентилатор придонесува уште во старт да заштедиме 13% на огревниот материјал. Кога на овој факт ќе се додаде дека и котелот е со три промаи, со тоа се заштедува многу на огревниот материјал затоа што искористеноста на истиот е на многу високо ниво. Со дигиталниот дисплеј уште може да се конролира и пумпата која се користи во системот за греење, а може да се контролира и пумпата која се користи за санитарна топла вода. Можностите на BURNIT WBS ACTIVE се огромни затоа што котелот можете да го поврзете и со бојлер на кој има изменувач и кога ќе работи котелот автоматски да се грее и водата во бојлерот.
Преку дигиталниот дисплеј ја внесувате саканата температура и го вклучувате котелот. Преку работата на вентилаторот вие ја контролирате и температурата во вашиот дом, односно вентилаторот внесува доволно количество на воздух за да ја достигне бараната температура. Кога ќе ја достигне бараната температура вентилаторот работи повремено за да истата се одржува. Во зависност од желбите на корисникот може да се контлолира температурата на котелот или пак да се контролира температурата во собите со помош на собен термостат кој ќе се поврзе со котелот. Преку дисплејот на BURNIT WBS ACTIVE се отвараат многу опции за најразлична регулација и контрола за кои ќе пишуваме подетално во наредните постови.
Во зависност од нашите потреби котлите можат да се најдат во различна големина и моќност. Од 20kw па се до 110 kw. Поради големиот степен на искорстеност котлите можат да загреваат големи површини, па ака 30 kw котел е доволен за површина од 180 метри квадратни. На оваа секако влијае и изолацијата и местоположбата на објектот.
Доколку имате дополнителни прашања поврзани со темава слободно пишете.
Dr. Destan Haliti says
imam kuqa od 250 m2 dali 40 kw e dovolno??
Dr. Destan Haliti says
ili da kupam 50kw
Dario says
Почитувани,
Доколку имате добраизолаија на вашата куќа котел од 40KW е сосема доволен за вашите потреби.
Со Почит,
Термо Систем
Томче says
имам куќа на два спрата или околу 200м2 добро е изолирана а сакам да го ставам котелот на приземје тоа е трет кат , колкав котел би ми требал , колку би ме чинело со ваша достава и инсталации , и колку е потрошувачката на огревно дрво и дали може да се инсталира на друго гориво позз.Ве молам да ми направите понуда.
Dario says
Почитувани,
Одговорот ќе го добиете на вашата e-mail адреса.
Поздрав
Бранкица Бојаџиева says
Имаме стан од 150 м2 на 2 спрата. Заинтересирани сме за котел на пелети, па ме интересира која е цената на котелот за оваа површина и дали во цената се вклучени радијаторите и инсталацијата? Далу може котелот да се постави на вториот кат и колкави се димензиите на самиот котел? Дали може да се приклучи на веќе постоечки оџак или е потребно сосема нов отвор за вентилација? Бидејќи е станот во реновирање, веројатно би требало пред да се измазнат ѕидовите да се направат отвори за цевки? Ви благодарам однапред
Dario says
Почитувани,
Во вашиот случај можете да поставите камин на пелет 22 Kw кој можете да го погледате на следниот линк http://www.termosistem.com.mk/products-page/kamin/kamini-na-peleti/ . Во цената која е на линкот не е вклучена монтажата на истиот. Каминот секако дека може да се постави на вториот спрат, како и да се поврзе на постоечкиот оџак. Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете.
Со Почит,
Термо Систем