Вистинското решение за загревање на Вашите домови

podno greenjeПролета започна и пополека започнува убавото и сончево време кое е погодно за реновирање и изградба на Нашите домови. Главната работа на која секој човек размислува при поставувањето на темелите е како да се затопли и да ја зачува топлината во својот дом во ладните денови од годината. Кога треба да го поставиме греењето се запрашуваме кое решение би ни било најповолно за нас. Ние како одговорна компанија би ви препорачале да поставите подно греење, на прашањето зошто одговорот ќе го добиете во овој текст.

Во нашите статии имаме доста пишувано за тоа колку подното греење е за 20 до 30% поефикасно од сите останати системи за затоплување. Нашата програма на подно греење е на реномираниот италијански бренд Giacomini кој гарантира квалитет и сигурност во Вашите домови. По поставување на Giacomini подното греење Вие можете да уживате во наредните 100 години без да имате проблеми од било каков карактер, како на пример протекуваењето па подоцна тоа повлекува и подигнат паркет оштетени ѕидови, намалување на излезната топлина послем определен периот. Сето тоа би значело во блиска иднина поголеми трошоци за задржување на истата топлина во домовите.

Сигурноста на Giacomini подното греење ја дава специјалното црево за подно греење кое има антиоксигенска бариера која го спречува вовлекувањето на воздух во системот и затварање на протокот на вода поради големата присутност на бигор, или пак на алги кои кај неквалитетните црева се појавуваат со текот на годините.

podnoПоставуањето на Giacomini подното греење е многу едноставно и лесно благодарение на специјално изработените модули кои се монтираат поединечно без никаков проблем, регулацијата преку нив е многу едноставна и можеме да ја регулираме топлината на поединечни соби или делови од нив. Регулацијата е едноставна бидејќи има посебни модули со регулација на проток и автоматско постигнување на потребната топлина без поголеми напори.

Линиите кои се пуштаат за подното греење на Giacomini се поставуваат на стиропор кој е специјано изработен. Стиропорот всушност е тврда пена од експандиран полистирен. Тој е топлинско изолациски материјал со извонредно ниска топлинска проводливост, кој има голема густина и голема отпорност на притисок, свиткување и затегање. Може да издржи температури до 75 степени , а краткотрајно дури и до 90 степени целзиусови.

Од ова можеме да заклучиме дека стиропорот е многу добар изолатор, кој доколку се постави во делот на подот не дозволува топлината да проаѓа во плочата и да оди во делот од домот за каде не е наменета, туку максимално ја насочува кон просторијата. Giacomini стиропорот за подно греење е изработен од експандиран полистирен, на долната страна е рамен, а на страните се наоѓаат издигнати делови кои служат како држачи за цревото за подно греење. Рабовите на плочите се обликувани така, да овозможуваат меѓусебно спојување. Заради заштита од влага горната површина е обложена со поли – етиленска фолија. Во постапката на изработка плочите се еластифицирани, односно целата структура на стиропорот е механички одстранета. Затоа плочите нудат добра изолација при ударен звук. Инаку плочите стиропор се користат како подлога за вградување на цевки во систем на подно греење, а во исто време служат како термо и звучна изолација на подот.

Се надеваме дека успеавме да Ви објасниме нешто повеќе за подното греење и неговите предности. Доколку веќе се заинтересиравте имајте на ум дека покрај решениот проблем со топлината во Ваиот дом ќе имате и повеќе слободен простор бидејќи подното греење не завзема дел од квадратура на Вашите соби.

Остави коментар

*