Внимавајте на вашите постапки кога се обидувате да заштедите енергија

Заштеда на енергијаВо овој период на годината кога сите не засега прашањето за искористување на електрична енергија и секако потрошените средства за истата да не стопли и да не ни го испразни џебот, би посветиле внимание на важните постапки за заштеда на енергија.
Првата работа на која ни текнува кога зборуваме за заштеда на енергија е изолацијата која ја поседува просторот кој сакаме да го загрееме, па според тоа ги правиме нашите планови за тоа како најдобро да се искористи енергијата и да имаме топол дом. Доколку имаме простор кој поседува добра изолација на подот и ѕидовите, нови врати и прозорци кои не дозволуваат да бега топлината, многу лесно може да го загрееме и да одбереме за него грејни тела кои одлично ќе си ја вршат својата работа. Меѓутоа добар дел од домовите ги немаат овие предуслови за да топлината остане во просторот каде е наменета. Од тие причини во продолжение ќе ги наведеме постапките кои можат само да ни помогнат да заштедиме дел од електричната енергија.

  ЗАМЕНА НА СТАРИТЕ СВЕТИЛКИ СО НОВИ

Ова е инвестиција која финансиски нема да влијае многу на вашиот домашен буџет, а за сметка на оваа замена ќе добиете лед светилки кои се енергетски поефикасни.

  ТОПЛИНСКА УДОБНОСТ

Топлинската удобност претставува начин на живот, на секој еден од нас. Нашите животни навики, температурата на која сме навикнати да ја имаме во просториите каде го поминуваме поголемиот дел од денот, температурата на бањите и нашите спални соби се навики кои како што сме ги создале, така можеме и да ги смениме. Во овој дел би ги спомнале температурите кои се препорачуваат, со кои температури ние навистина може да заштедиме на електрична енергија. Во оние простории каде седиме, температурата треба да биде најудобна и најпријатна, а за тоа секој од нас си одлучува. Во ходникот и спалната соба најдобро е да ја намалиме температурата на 16-18°C и во текот на денот да не ги грееме просториите во кои никој не е присутен. Доколку амбиеталната температура во просторијата ја намалиме за 1°C, годишно заштедуваме до 5% енергија.

  ИНСТАЛИРАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА МЕРНО-РЕГУЛАЦИОНИ УРЕДИ

Изолација на куќаЗа оваа инвестиција можеби размислувате дека нема многу да заштедите , а треба дополнително да купувате термостатски вентили, собни термостати и сл. Термостатскиот вентил автоматски ја регулира температурата во секоја соба во која се наоѓа и со негово поставување може да заштедите и до 20% енергија. Со програмирање на собниот термостат на температура кога не сте дома или кога спиете, вие штедите енергија. Можностите кои ги имаат овие термостати се всушност можност за подесување на соодветна температура во саканата просторија, автоматско вклучување и исклучување по постигнување на саканата температура.

  СООДВЕТЕН И РЕДОВЕН СЕРВИС И ОДРЖУВАЊЕ НА ГРЕЈНИТЕ ТЕЛА

За секое грејно тело кое е поставено, мора да постои соодветен начин на одржување и сервис за истото беспрекорно да функционира. Доколку имате поставено клима уред со инвертер технологија, годишното чистење на филтерот ќе овозможи ефикасност во неговото работење. Исто така испуштањето на воздухот од радијаторите, препорачливо е два пати во годината, ќе влијае на поголема ефикасност на затоплување на просторот итн.

Искрено се надеваме дека успеавме да допринесеме кон развивање на свеста и поромената на некои навики кон патот на заштеда на енергија, која како одминува времето станува се поскапа и поскапа. Во таа насока треба да превземеме мерки и да прифаќаме совети кои ќе ни бидат добредојдени кон патот на намалување на потрошувачката на енергија.

Остави коментар

*