Wilo флуидконтрол

заштита за пумпа WiloВо еден од изминатите постови зборувавме за карактеристиките и употребата на Вило потопните пумпи. Денес би говореле за уред кој се користи како помошна/дополнителна опрема за истите тие пумпи за водоснабдување. Овој пат станува збор за Вило флуидконтрол кој може да биде приклучен на пумпа за водоснабдување или пумпа за зголемување на притисокот. Поврзувањето директно на потисниот приклучок на пумпата може да се изведе со употреба на соодветен фитинг за приклучување, со заптивање со коноп и тефлонска трака. Овој уред овозможува автоматска работа на пумпите без употреба на посебен мембрански сад. Единицата содржи мал компензациски простор исполнет со вода, кој може да се менува со пружина. Ако се отвори вентил во системот , вода ќе истекува од малиот компензациски волумен во потисниот цевковод, подигајќи ја пловката. Прекинувачкиот уред содржи електронски, како и терминален блок за напојување и за моторот за пумпата.
Постојат 3 бои кои може да се појават како сигнализирачки светла на приклучната кутија:
– Жолта LED значи дека мрежното напојување е вклучено, пумпата е вклучена и спремна за работа.
– Зелена LED значи дека пумпата работи, сигнализира нормална работа на пумпата.
– Црвена LED значи дека постои некоја грешка која предизвикува пад на притисокот во цевниот систем.
Техичките податоци на пумпата се следниве: максимален капацитет 10m³/h, максимален работен притисок од 10бари, притисок на вклучување 1.5 – 2.7 бари, максимална температурата од 60°C.
Доколку се појави некаква грешка при работата, се стиска копчето за ресетирање и така притиснато се држи се додека системот не се доведе под притисок. Ова исто така важи и за повторно вклучување, што во спротивно ќе доведе до сигнализација на грешка поради недоволен притисок во системот.

Comments

  1. Koristam hidrofor Wilo Jet HWJ so montiran Wilo fluid control. Imam eden problem. Kofa slavinata e pustena so mal mlaz togas hidroforot uklucuva i isklucuva na sekoi 2-3 sekundi. Na primer za da se napolni kazanceto vo toaletot uklucuva i siklucuva 30-40 pati. Ako pustam i slavina togas raboti ramnomerno. Se plasam deka vakviot rezim na rabota moze da go osteti hidroforot. Bi vi bil blagodaren za sekakov sovet. Blagodaram.
    PS. Se javuvam od Bitola.

    • Почитувани,

      Во вашиот случај претоставка е дека имате премногу мал проток, што заштитата која ја имате поставено го регистрира како да немате воопшто проток и со тоа ја исклучува пумпата. Овој режим на работа уклучи/исклучи секако дека и штети на самата пумпа. Можно решение е да се постави експанзионен сад и правилно да се подеси така што најпрво ќе се користи водата од него, па откако ќе падне притисокот во садот да се вклучи пумпата. Доколку поставите експанзија уште подобро би било кога пумпата ќе ја приклучите преку пресостат, а флуидконтролот да има функција само чисто како заштита од работа на суво.

      Со Почит,
      Термо Систем

Остави коментар

*