Потребата за вода е од незамислив карактер за секој човек, па од тука и големата побарувачка за истата да биде под задоволителен притисок и на повисоки места. Притисокот на водата опаќа како расте висината на местото до кое сакаме да спроведеме водовод, а истото особено се изразува во летните периоди кога е зголемена потрошувачката на вода. За да немаме проблеми од овој тип најприфатливо решение е поставување на хидрофор со доволен капацитет на работа, кој ќе ги задоволи посакуваните потреби на вода во Вашите објекти.
Хидрофор претставува уред кој овозможува достава на вода до поголеми висини од цистерни, бунари или пак водоводни мрежи. Сите хидрофори работат под притисок од најмалку 8 атмосфери. Со тој притисок водата може да се достави и до 80 метри висина. При монтирањето најдобро би било хидрофорот да биде поставен на најниската точка или по можност во подрумските простории.
Транспортот на вода не е така едноставен како на прв поглед, така да околу оваа тематика се занимава цела индустриска гранка која се грижи за квалитетно изработени хидрофори, кои би овозможиле одлична работа и заштедување на електрична енергија. Од тој аспект можеме да кажеме дека компанијата Wilo ја има водечката улога при производство на овие високо квалитетни и високо ефикасни пумпни мотори на светските пазари.
Употребата на хидрофорите е широко распространета, но поради нивните карактеристики, примената е идеална за:
* Водоснабдување. Во повеќето случаи кога станува збор за водоснабдувањето, водата треба од одредена дестинација да се транспортира до саканото место. Дали таа вода ќе се црпе од бунар, река, езеро, резервоар и.т.н, хидрофорот е идеален за оваа намена со тоа што почетокот на цревото што се наоѓа во изворот од каде што се црпе водата, ќе се заштити со неповратен вентил, се со цел да не се вшмукаат некои каменчиња или честички кои што подоцна би направиле некаков проблем.
* Наводнување со вештачки дожд. Колку пати до сега кога сте поминале кај обработливите полиња сте забележале прскалки кои ја распрскуваат водата во еден ист интензитет како да паѓа дожд? За да имаат доволен притисок прскалките и да може водата да стигне до саканата дестинација, одговорен е хидрофорот.
* Наводнување и вештачко оросување. Доколку се работи за наводнување не мора да станува збор за наводнување на големи површини како што се полињата со помош на вештачки дожд. Тука може да станува збор и за стандардно наводнување со црево, вештачко оросување или пак со системот какпа по капка, а транспортот на водата се обезбедува со хидрофор.
* Транспорт на вода од бунари и длабоки резервоари. Доколку имате поширок бунар или пак некој длабок резервоар со водата, не мора водата рачно да ја вадите (традиционално со кофи), би можеле работата да си ја олесните многу, само би требало да обезбедите приклучок за струја.
Од нашата програма можеме да Ви го понудиме Wilo Jet HWJ хидрофорот кој е комплетен, подготвен за приклучување на систем за водоснабдување, наводнување и прскање од бунари и ниско поставени резервоари. Тој е составен од самовисинска пумпа WJ отпорна на корозија која може да функционира самостојно како таква, мембрански сад (25 л) кој ги спречува честите вклучувања на пумпата и вграден манометар за мерење на протокот. Тие се комплетно опремени со електричен и хидрауличен систем и се многу лесни за инсталирање. За да Ве запознаеме подобро со карактерисиките и можностите што ги имаат различните модели на хидрофорот, го презентираме следниов график.
Доколку имате прашање за тоа кој хидрофор би одговарал на Вашите потреби, и дали би можел да се вклопи во целокупната слика што ја имате испланирано, како и за се останато поврзано со темава Ви стоиме на располагање.
Igor says
Zdravo,
Vo podrum, imam doneseno voda, no nemam odvod. na 1-2 metri od umivalnikot se naogja glavnata kanalizaciona cevka (za 4 stana) i istata e odi po tavanot od podrumot, a vleguva vo zid na visina od okolu 1 metar.
Me interesira kakva pumpa mi treba za da ja odveduva vodata od umivalnikot. Pretpostavuvam deka mi e potrebna pumpa so mal kapacitet, bidejki tamu vodata se koristi isklucitelno malku (za mienje raci i slicno).
Pozdrav,
Igor
Dario says
Почитувани,
На вас ќе ви одговара пумпа за отпадни води Wilo Hi Drain Lift 3-35, цената и карактеристиките на пумпата можете да ги погледате на следниот линк http://www.termosistem.com.mk/products-page/pumpi-otpadna-voda/mal-sistem-za-feklna-voda-wilo-hidrainlift/
Со Почит,
Термо Систем
Горан says
Здраво
Живеам во зграда на 5/5 кат. За време на летниот период имам проблем со притисокот дури во одредени периоди и воопшто немам вода. Зградата нема хидрофорна станица, ми спомнаа дека најверојатно е тоа причина за истото. Воедно ми го предложија и тоа како решение. Ме интересира отприлика колку би чинело истото решение и дали има алтернатива, односно дали може сам да го решам проблемот со инсталирање на пумпа во мојот стан бидејќи не верувам дека останатите станари би се нафатиле со инвестиција бидејќи некои од подолните станови имаат колку толку притисок. Зградата има 10 станови во влезот по 5 на вертикала.
Поздрав
Dario says
Почитувани,
За целосно решавање на Вашиот проблем мора да поставите хидрофорна пумпа за целата вертикала. Инаку во зависност од јачината на пумпата и каква изведба треба да се направи, таква ќе биде и цената, вака без информации во моментот неможеме да ви дадеме конкретна цена.
Со Почит,
Термо Систем
Ace says
Почитувани,
Живеам во куќа на првиот спрат (висина од земја 4.5 метри) во Долно Лисиче, Скопско. За време на летото имам проблем со притисокот на водата во одредени периоди (најчесто помеѓу 16:00 и 21:30 часот) во кои понекогаш се случува и воопшто да нема вода, додека во останатиот период притисокот е сосема нормален. Што би ми предложиле како решение и отприлика колку би чинело тоа?
Со почит,
Аце