
Потребата за санитарна топла вода која ја употребуваме во секојдневните обврски е од големо значење за секое домаќинство. Веќе подолг период сме сведоци на зголемување на цената на електричната енергија и не ретко се случува насочување на домаќинствата кон користење на обновливи извори на енергија кои ги има насекаде околу нас.
Во овој пост ќе зборуваме за комбинираните бојлери од Sun System кои имаат 2 изменувачи и се користат во соларните системи и сетови.
На пазарот има избор на различни видови на бојлери со намена да ја загреваат водата во нив и истите се со различен квалитет и понудена цена. Ние вниманието ќе го насочиме на бојлерот наменет за соларни системи, како една од основните алки за системот да работи. Бојлерот ја има истата функција како и конвенционалниот бојлер, ја складира топлата вода и ја одржува температурата на истата. Бојлерот со два изменувачи (змии) е изработен од емајлиран материјал кој спречува таложење на бигор и намалување на ефикасност во неговата работа. Бојлерот од надворешната страна е изолиран со специјална изолација, силиконска волна, која ја одржува посакуваната температура на водата. Во него има магнезиумска анода која го штити бојлерот од бигор, сигурносен вентил кој го штити од преголем притисок, термометаер и електричен греач.
ПОЗИТИВНИ СТРАНИ НА БОЈЛЕРИТЕ СО 2 ИЗМЕНУВАЧИ
– Бојлерите со два изменувачи и се во предност пред бојлерите со еден изменувач бидејќи се двонаменски, се користат во системот за греење и во делот за добивање на санитарна топла вода.
– Бојлерите се особено ефикасни во местата каде има тврда вода, бидејќи нема да има потреба од толку често чистење од наслаги од бигор, со текот на годините.
– Економската исплатливост на комбинираните бојлери е голема, бидејќи постојат две опции за приклучување на енергетско ефикасни извори.
– Изменувачот кој го имаат дозволува истите да се поврзат за котел на цврсто гориво или електричен котел, со тоа се штеди на потрошувачна на електрична енергија бидејќи не се троши специјално за да се загрее водата во бојлерот
– Голема искоритеност на добиената топла вода.
– Бојлерите ги има во повеќе димензии, зависно потребите на членовите на едно семејство и може да ги најдете од 150л до 1000л.
– Доколку двете опции се поврзат одеднаш, речиси и да нема потреба од потрошувачка на електрична енергија.
– За да можеме да ја користиме топлата вода која се добива од соларниот систем, може да се искористи постоечката водоводна мрежа и само да се замени приклучокот за топла вода, од конвенционалниот бојлер на соларниот бојлер.
Прашање:
Дали постојат бојлери на SUN SISTEM со два изменувачи од помала литража (100, 120 л)
Почитувани,
Од бојлерите на San System најмалиот бојлер со два изменувачи е од 150 Л, помали бојлери со два изменувачи не произведуваат.
Со Почит,
Термо Систем