Зошто климата со инвертер технологија е поекономична од стандардниот климатизер

daikin klima]Веруваме дека многу од вас веќе ја почнале сезоната со користење на клима уреди за разладување и токму затоа сме сигурни дека сега е вистинскиот момент за потсетување на разликите во клима уредите со инвертер технологија и оние стандардни клима уреди.

Клима уредите – инвертер, се многу поефикасни од стандардните клима уреди. Тие се направени од понапредна технологија која ја регулира брзината на работата на компресорот и токму поради тоа ја намалува потрошувачката на електричната енергија.
Стандардните клима уреди константно работат под полн капацитет и не ја намалуваат потрошувачката на електрична енергија, додека за ралика од нив инвертерот ги намалува бројот на вртежите во компресорот и во надворешниот вентилатор, и како што се доближува до саканата температура тие се помалку работат односно им се намалува бројот на вртежи. Токму поради тоа стандардните клима уреди трошат константно иста количина на електрична енергија додека инвертер климите имаат многу помала потрошувачка.

Тука се поставува прашањето, колку е помала таа потрошувачка на електрична енергија?
Инвертер системите имаат поголема енергетска ефикасност во одност на станардните клима уреди односно имаат поголем коефициент на заштеда (COP). COP покажува колку повеќе енергија се добива во одност на потрошената . Потрошувачката на електрична енергија на клима уред – инвертер е 1 спрема 3, односно COP коефициентот е 3. Така да доколку инверторот има моќ од 3,5 KW потрошувачката на енергја му е приближно 1 KW. Daikin клима уредот – инвертер од 3,5 KW, има COP 3.43 и при ладење има потрошувачка од 1,06 KW додека пак при греење има потрошувачка од 1,02 KW. Ова е земено како средна вредност бидејќи при различни надворешни услови, потрошувачкаа може да се разликува, односно да се намалува или да се зголемува.

Намалената потрошувачка на електрична енергија не е единствена предност на инверторот во одност на стандардниот клима уред. Покрај тоа инверторот може да функционира на многу ниски температури односно до – 15 степени што ги прави прилагодливи да се користат како грејно тело во текот на целата зима. Кај стандардните клима уреди минималната работна температура е до – 5 степени, под таа температура климатизерите губат на своите перформанси и престануваат да работат.

Споредба помеѓу инвертер и стандарден клима уред

Која е разлика помеѓу стандардниот климатизер и инверторот можете поубаво да воочите на горе прикажаната слика каде преку график се представени работните осцилации на стандарден клима уред и инвертер. Со сина боја е претставена работата на стандарден клима уред и како што можеме да забележиме потребно му е многу повеќе време да ја достигне саканата температура во однос на инвертерот кој е претставен со зелена боја. Тука можеме да забележиме дека кога ќе ја постигне бараната температура  инвертерот речиси константно ја одржува со кратки вклучувања и исклучувања додека кај стандардниот климатизер, бараната температурата потешко се одржува и на климатизерот му е потребно повеќе време да ја загрее или олади просторијата. На овој начин инвертерот троши 30% помалку електрична енергија за разлика од стандардниот клима уред.

 

 

Остави коментар

*