Зошто се важни модуларните колектори при поставување на системот за водовод и греење?

moduli

При поставување на системите за водовод и греење, независно дали станува збор за менување на веќе постоечка инсталација или пак поставување на нова од голема важност е да се внимава на квалитетот на избраниот материјал и изведбената постапка. Кога би зборувале на некоја веќе постоечка инсталација каде треба да се направат измени, често оние кои тоа го изведуваат се среќаваат со обемна работа во таа целокупна постапка.

Во денешно време, кога имаме градежна експанзија, времето за изведба на инсталации во било каков објект станува се подрагоцено и стремежот за поголема ефикасност и олеснет

а изведба не тера да размислуваме на материјалот кој би го користеле.

За изведба на еден касетен водовод, модуларните колектори од Giacomini претставуваат енергетско енергетско ефикасно решение и гарантираат сигурност и квалитет во изведбата на системот за водовод и за греење.

Нивните предности како модуларни колектори, се следните:

– флексибилни во секоја изведба бидејќи истите може да се надградуваат, доколку се пушти во употреба некој дополнителен елемент.

– истите може да се менуваат засебно, зарaди тоа што се врзани како модуларни колектори независни еден од друг.

– тие се дизајнирани да се вклопуваат еден со друг идеално, без потреба од дополнителна промена во протокот и притисокот.

– едноставни е лесни за монтaжа и употреба.

– во зависност од желбите и потребите тие имаат широка примена, ги има во повеќе модели и големини.фикасно решение и гарантираат сигурност и квалитет во изведбата на системот за водовод и за греење.

За водовод вообичаено се користат обичните модули со регулација, во системите за греење се користат модулите со флуометар кој би го следел протокот на вода и со опција за термостатска глава преку која се контролира температурата.

За подното греење овие модуларни колектори се идеално решение, со нивна помош се контролира температурата во различни простории, доаѓа до изедначување на температурата со што не се јавува струење во воздухот.

Инсталацијата на модуларните колектори бара едноставно и лесно приклучување еден со друг, зависно влезовите и излезите кои се барани во системот. Тука употребуваме крајни и средишни модули, кои со едноставно навртување меѓусебно се надоврзуваат. На самиот навој има гумичка која спречува истекување на вода и нема потреба од користење на коноп и тефлон како дополнителен материјал.

Заради сите нивни карактеристики и предности овие модули имаат голема примена при изведба големите станбени комплекси.

Остави коментар

*