Развојот на технологијата и се повисоките стандарди како во домашни така и во глобални рамки даваат непроценливи можности за заштеди, но и наметнуваат поинаков пристап кога станува збор за користење на природните извори на енергија. Затоа полека, но сигурно се повеќе се наметнува терминот интелигентни куќи.
Интелигентна куќа е онаа која има инсталирано централен систем за греење или климатизација со можност за контрола и регулација. Таквиот систем има можност да интегрира повеќе системи (греење, топла вода, ладење, безбедност, осветлување). Една од основните функции на централениот систем за управување е и оптимизација на потрошувачката на енергија во домот. Поточно системот може да ја регулира температурата во сите простории во куќата со зададениот режим, било да се работи за зима или лето, може да го контролира осветлувањето во посебни простории, вклучување или исклучување на електричните потрошувачи, системи за обезбедување, систем за заштита од пожар.
Враќањето на инвестицијата зависи од изолацијата на објектот, инсталираниот систем за греење и климатските услови.
Централниот систем за контрола ја зголемува безбедноста и удобноста во вашиот дом, исто така го продолжува животниот век на опремата со намалени трошоци за одржување.
Совети за да ја направите вашата куќа да биде “интелигентна” куќа
1. Користење на термостатски вентили
Користете термостатски вентили со кои ќе може да ја регулирате собната температура преку намалување или зголемување на протокот во вентилот. Со помош на термостатските вентили ќе можете да заштедите дури и до 24% од енергијата доколку инсталирате такви вентили. Термостатскиот вентил заедно со термостаската глава се инсталираат по еден на секој радијатор. Термостатската глава има можност на неа да се подеси саканата температура и во моментот кога ќе ја достигнеме таа температура, го затвара вентилот односно радијаторот. Значи, термо главата има функција да го затвора и отвара вентилот и на тој начин да врши штедење на енергијата. Се препорачуваат да се постават низ простории кои помалку се користат како спална соба , ходник и останати споредни простории , каде не се бараат постојано високи температури. На овој начин се врши локална регулација на просториите.
2. Користење на централен систем за контрола на греење во една просторија или повеќе простории
Системот служи за целосна регулација на температурата низ објектот. Можности има и за поединечна регулација на сите простории независно една од друга. Тоа значи дека сите простории можат да имаат различна работна температура. Постои и можност за временско подесување на системот преку кое се врши значителна уштеда. Системот се подесува и кординира од едно централно место. Денешните современи системи имаат можност за регулација и преку интернет.
Со инсталирање на централен систем за контрола и регулација, се врши значителна заштеда на енергијата помеѓу 30 до 40 % во објектот.
3. Комбинација на претходните два совети
Најдобар ефект и заштеда се постигнува со користење на двата совета. Централна регулација програмирана временски според потребите на објектот и локална регулација со поставување на термостатски вентили и глави на радијаторите
Leave a Reply