Со примена на следниве неколку препораки можете да обезбедите значителна заштеда на енергија во услови кога се користи системот на греење. Со заштеда на енергијата се врши и заштеда во вашиот домашен буџет.
#1 Регулирање на температура во различни простории
Топлинската удобност е прашање на навикa но е исто така и под влијание на начинот на кој се грееме, просторијата во која се наоѓаме и секако облеката која ја носиме во таа просторија. Секоја просторија нема потреба да биде загревана под исти услови. Затоа се препорачуваат одредени температури за одредени простории со цел да се овозможи топлинска удобност. Пропорачани температути во зависност од намената на просторијата се :
- Ходник 16-18 C˚
- Спална соба 17-18 C˚
- Кујна 18-22 C˚
- Работна соба 18-22 C˚
- Дневна соба 20-23 C˚
- Купатило 20-24 C˚
#2 Намалување на амбиентална температура
Ако амбиентната температура во просторијата ја намалите за 1оC, годишно може да заштедите до 5% енергија.
#3 Исклучување на системот за греење при подолго отворање на прозорец
Загуби односно намалување на температурата, преку отварање на прозор е една од најчестите грешки за губење на енергијата. Затоа ако отварате прозорот на подолго време исклучете го системот за греење или ладење
#4 Инсталирајте термостатски вентил
Термостатскиот вентил автоматски ја регулира температурата во секоја соба каде што се наоѓа. Инсталацијата на термостатските вентили може да заштеди енергија и до 20% (во зависност од видот на термостатот и брзината на реакција). Заштедата се реализира со тоа што термостатскиот вентил сам ја регулира температурата која што му е зададена.Со него се прави уштеда до 20%.
#5 Инсталирајте собен термостат
Инсталацијата на собен термостат може да ги намали трошоците за греење од 7-15%. Програмирајте го собниот термостат кога не сте дома или за време на ноќта да биде на помала температура. Исто така можете да го регулирате системот за греење така што ќе се гаси еден час пред да излезете од дома или пак ќе се пали половина час пред да се вратите дома (од работа, училиште, прошетка итн). Собниот термостат ја регулира температурата во собата така што ја исклучува пумпата од котелот кога температурата ќе ја достигне саканата вредност или пак ја вклучува кога температурата во собата ќе падне под одредената вредност.
[…] да биде уште повисока и цената на енергенсите овие совети се повеќе од […]