Сигурно досега сте донеле одлука на кој начин ќе се греете престојната сезона. Постојат различни начини за загревање на просторот во кој живеете или пак работите. Ние овој пат ќе се обидеме да Ви го преставиме засега најевтиниот начин за греење. Имено, се работи за веќе добро познатиот принцип на загревање со употреба на клима уред со инвертер технологија.
Ви го преставуваме клима уредот од програмата на DAIKIN со вграденa инвертер технологија.
Сигурно се запрашувате што преставува инвертер технологија?
Постојаното унапредување на работата на климите, инвертер технологијата се повеќе се унапредува и усовршува.
Вградената инвертер технологија во клима уредите на DAIKIN овозможува непречено функционирање дури и на -15°C, што би значело дека се прави значителна заштеда на електрична енергија. Со постигнувањето на саканата температура, без оглед дали станува збор за загревање или ладење, клима уредите на Daikin овозможуваат голема ефикасност и повеќе топлина во однос на потрошената електрична енергија.
Она што има влијание на идеалната слика за инвертер клима уредите е тоа што различни клима уреди имаат различни граници на минусни температури и откакако ги надминат истите, тие стануваат помалку рационални. Тие имаат надворешни единици на кои им треба повеќе сила како би го загреале станот на саканата температура. Така и покрај тоа што можат да работат на температури и под -15°C нивниот учинок се сведува на 1:1 и се случува да работи малку повеќе да би постигнала приближна температура до саканата. Добрата страна во сето ова е што кај нас вакви ладни денови речиси и да ги нема или има се вкупно 10 за цела година.
Клучната предност на инвертер технологијата е начинот на кој работи моторот, користејќи го потполно истиот принцип на функционирање како топлинските пумпи. При стартувањето на инвертер климата, компресорот работи со полн капацитет, стремејќи се да ја постигне бараната температура. Како се доближува до бараната температура, бројот на вртежи на компресорот се намалува и со самото тоа се заштедува електрична енергија. Од друга страна обичните клима уреди цело време работат со полн капацитет.
Важно да се напомене е дека инвертер климите на DAIKIN припаѓаат во енергетска класа „А+“ и со самото тоа постигнуваат значителни заштеди во потрошувачката на електрична енергија. Можеби на самиот старт инвестицијта за инвертер клима уредите е поголема, но подоцна тие пари ќе ни се вратат, преку значително намалените сметки за струја.
Пропишаните европските параметри за квалитетна влажност и температура на воздухот се следниве : температура од 27°C и 50% влажност на воздухот за време на летна сезона, додека во грејна сезона се препорачува температура од 20°C и 50% влажност на воздухот.
beni says
Dali mozete da racunate kolku bi dosla mesecna smetka na struja so Daikin klima uredot,imajki vo predvid 24 casovna rabota na sistemot?!
Blagodaram.