Во претходиот пост пишувавме за одржување на климатизерите и на што е потребно да се обрне внимание.Таму ги споменавме филтрите за внатрешната единица и нивното чистење. Денеска ќе зборуваме токму за нив.
Секој клима уред има најмалку еден филтер. Воздухот кога циркулира во внатрешната единица се филтрира, се освежува со специјални миризливи филтри, а воедно се контролира и релативната влажност. Некои филтри се опремени и со специјални јонизатори, со што се додава поголем квалитет на воздухот.
Каков филтер ќе има клима уредот зависи од произведувачот на климатизрот и за која намена е произведен истиот. Kолку е поголемо количеството на честички кои ќе се задржат на филтерот и со која големина се истите тоа значи дека филтерот е поквалитетен. Во продолжение ќе ги наведеме основните видови на филтри.
Филтер за прашина
Филтерот за прашина, како што самото име ни кажува, ја собира прашината и честичките од воздхот со што се овозможува константен довод на чист воздух во просторијата. Овој филтер многу лесно се одржува, само се мие под млаз топла вода или евентуално се усисува.
Филтер за прочистување на воздухот
Филтерот за прочистување на воздухот ги собира најмалите честички од прашина со големини до 0,01 микрони а воедно спречува и ширење на бактерии и вируси. Филтерот има две страни со елктростатичен филтер. Филтерот за прочистување на воздухот секогаш се комбинира со нормален филтер, односно филтер за прашина.
Фотокаталитички филтер
Овој филтер е антибактериски и успешно го разбива димот од цигарите, тој исто така ги спречува бактериите, вирусите и микроорганизмите насоберени во филтерот да се размножуват. Фотокаталитичкиот филтер секогаш доаѓа во комбинација со филтерот за прочистување на воздухот.
Почитувани!
Би сакал да добијам најповолна понуда за клима уред од 3,5 кВч, и најповолна понуда за соларен систем за топла вода, за 100 и 120 литри, во пакет, и поединечно, со монтажа, и без монтажа, по која цена со плаќање во готово, а по која цена на кредит. Ако постојат и други варијати, на понуда со задоволство би ги разгледал, Ако проценам дека некоја понуда е поволна за мене би ја прифатил. Локацијата е во строгиот центар на Скопје.
Со почит, Петре
Почитувани,
Во моментов сеуште е во тек промоцијата на “Daikin” клима уредот – инвертер од 3.5 KW, а со цената можете да се запознаете преку следниов линк http://www.termosistem.com.mk/products-page/klima-uredi/klima-ured-inverter-daikin/.
Ние имаме изработено пакети составено од сите потребни елементи еден соларен систем да работи безпрекорно. Цените и условите за плаќање можете да ги видите преку следниов линк http://www.termosistem.com.mk/promotivni-paketi-na-solarni-sistemi/#1.
Се надевам дека во целост ќе ги задоволиме вашите барања.
Со Почит,
Термо Систем
Треба ми скица и потребниот материјал за сончев колектор за четворо члено семејство, со можност со упатство за монтажа. Благодарам
Почитувани,
Доколку се регистрирате на нашата веб страна, бесплатно ќе добиете прирачник за соларни системи, каде детално е опфатена целата проблематика поврзана со истите. Тука нема само да се запознаете со начинот на монтажа, туку ќе знаете и каде да го монтирата, под кој агол, на што треба да внимавате и.т.н.
Со Почит,
Термо Систем