- Еден од можните начини за изведба на цевковод за парно греење е со помош на поцинкувани цевки за водовод. Овие цевки се премачкуваат со нивната основна боја(прајмер), а потоа се премачкуваат со бела боја.
- Вториот начин со кој може да се изработи цевководот е со ППР цевки , кои имаат функција да спроведуваат топла вода.
- Третиот начин е со помош на алумпласт цевки, кои масовно се користат и имаат голема достапност со цена и квалитет.
Кога се планира системот, од голема важност е да се обрне внимание на функционалноста и избегнувањето на непотребни трошоци при изведбата. За да се почне со планирање, треба да бидете информирани за достапноста на сите потребни елементи, за нивната цена и времето за испорака. Откако ќе се здобиете со сите потребни податоци и информации, битно е да го испланирате и оџакот за да системот беспрекорно да функционира. Откако ќе се обезбедат основните предуслови како: водовод, канализација и оџак, веќе влегувате во другата фаза од овој процес. Следно е планирање на котелот, кој како избрано грејно тело , треба да ги задоволи вашите потреби и вашите очекувања. Мора да се води сметка за моќноста на котелот, за моќноста на пумпата, неговата потрошувачка согласно просторот. Котелот е една од најважните единки од целиот систем на парно греење. Од тоа каква јачина на котелот ќе се одбере, ќе зависи и произведената топлина и степенот на заштеда. Котлите кои може да ги одберете се: трајножаречки котли на цврсто гориво, котли кои можат да се користат на пелет и камините на пелети со опција на централно греење. За каков тип на котел да се решите, за да не погрешите најважно е да се погоди соодветната големина која идеално ќе го загрева саканиот простор. Загубата на топлината кај котлите првенствено е кај оние делови кои се неизолирани, како што се вратичките, приклучокот за ќунците. Затоа една од алтернативите е да го сместите котелот во подрумска просторија или на некое друго соодветно место. Откако ќе го одберете изгледот и типот на котелот кој вам ви одговара, ја проверувате моќноста која би ви била доволна. За таа цел би требало да ги знаете следниве карактеристики: за простор од 100-120м2, одговара котел со моќност од 20Кw, за простор од 140-160м2, одговара котел со моќност од 27Кw. Овие вредности кои се земени како параметри, се на некој начин нормални средни вредности и не е земена во предвид изолацијата од аспект на ѕидови, прозори, врати. Понатаму пред нас се стои и прашањето за димензионирање и избор на грејни тела кои ќе се поставуваат: алуминиумски радијатори, панелни радијатори, фенкојлери, за кои понатаму ќе зборуваме.
Sanja says
Ve molam za sovet
Kako ke bide podobro za postavuvanje na kotelot: da bide postaven blizu do kukata(nadvor no lepen so kukata), ili oddalecen od kukata na 3-5metri.
Koi se prednostite a koi nedostatocite?
Vi blagodaram
Dario says
Почитувани,
Котелот можете да го поставите било каде, меѓутоа она што треба да внимавате е просторијата во која ќе го поставите котелот да биде добро изолирана, како би се заштитил котелот од кондензација. Инаку подобро ќе биде ако котелот е поставен поблиску до куќата, затоа што на тој начин ќе имате помалку трошоци околу поврзувањето на котелот и ставање во функција на истиот.
Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете.
Со Почит,
Термо Систем