Во изминатиот период на некој начин пишувавме повеќе особено за подно греење и добро познатиот GiacoKlima системот на подно греење. Па така имавте можност да прочитате за:
- Како функционира подно греење?
- Со подно греење до идеална удобност во твојот дом
- Подно греење – основи
- Заштеда на енергија со GiacoKlima системот за подно греење
Сега би сакале малку да опфатиме две иако можеби незабележителни но сепак важни карактеристики на еден ваков систем: естетика и акустика.
Естетика: Без грејни тела во опкружувањето
Овој систем овозможува да се спроведе декорација на објектот кој се грее со помош на подно греење без никакви ограничувања, односно со целосна слобода, бидејќи не постојат грејни тела (како што е случајот со радијатори) кои ќе зафатат дел од просторијата кој не може да се користи за ништо друго.
Денес флексибилноста на самиот простор за живеење претставува нешто што МОРА да се поседува. Со помош на GiacoKlima системот за подно греење не постојат граници во однос на распоредување на мебелот и нема никакви естетски проблеми предизвикани заради грубите грејни тела како што е случај со радијаторите.
Овој систем е доста користен во згради од историски и религиозен карактер каде намената не дозволува да постојат грејни тела кои ќе бидат видливи. Со помош на овој систем, просторијата останува онква каква што и притоа гарантира беспрекорен изглед.
Уште една предност на GiacoKlima системот за подно греење е и тоа што не доведува до таканаречениот „ефект на камин“ на ѕидот зад радијаторите со што се избегнува постојано барање на начини како да се декорираат истите или покривање на тие затемнувања заради топлината која се произведува од страна на грејното тело.
Акустична изолација
Ниската брзина на топлата вода која што циркулира низ цевките направени од синтетички материјали гарантира работа во целосна тишина. Од друга страна панелот за изолација има цел да го изолира шумот во целост бидејќи ја изолира вревата помеѓу различните катови.
Изолационите панели на Giacomini се во полистирен пена со бариери за пареа со што се овозможува абсорпција на вревата од газење на горниот спрат.
[…] Естетика. Секој систем загреење си има свои маани и предности но изгледот на грејното тело некогаш е пресуден. Замислете една просторија убаво уредена со некој стар шпорет на дрва, и истата просторија само без шпоретот туку со подно греење и топлина да доаѓа од долу. Која би ви се допаднала повеќе? Без разлика што и двете би ги задоволиле потребите за топлина. […]