Веруваме дека многу од вас веќе ја почнале сезоната со користење на клима уреди за разладување и токму затоа сме сигурни дека сега е вистинскиот момент за потсетување на разликите во клима уредите со инвертер технологија и оние стандардни клима уреди.
Клима уредите – инвертер, се многу поефикасни од стандардните клима уреди. Тие се направени од понапредна технологија која ја регулира брзината на работата на компресорот и токму поради тоа ја намалува потрошувачката на електричната енергија.
Стандардните клима уреди константно работат под полн капацитет и не ја намалуваат потрошувачката на електрична енергија, додека за ралика од нив инвертерот ги намалува бројот на вртежите во компресорот и во надворешниот вентилатор, и како што се доближува до саканата температура тие се помалку работат односно им се намалува бројот на вртежи. Токму поради тоа стандардните клима уреди трошат константно иста количина на електрична енергија додека инвертер климите имаат многу помала потрошувачка.
Тука се поставува прашањето, колку е помала таа потрошувачка на електрична енергија?
Инвертер системите имаат поголема енергетска ефикасност во одност на станардните клима уреди односно имаат поголем коефициент на заштеда (COP). COP покажува колку повеќе енергија се добива во одност на потрошената . Потрошувачката на електрична енергија на клима уред – инвертер е 1 спрема 3, односно COP коефициентот е 3. Така да доколку инверторот има моќ од 3,5 KW потрошувачката на енергја му е приближно 1 KW. Daikin клима уредот – инвертер од 3,5 KW, има COP 3.43 и при ладење има потрошувачка од 1,06 KW додека пак при греење има потрошувачка од 1,02 KW. Ова е земено како средна вредност бидејќи при различни надворешни услови, потрошувачкаа може да се разликува, односно да се намалува или да се зголемува.
Намалената потрошувачка на електрична енергија не е единствена предност на инверторот во одност на стандардниот клима уред. Покрај тоа инверторот може да функционира на многу ниски температури односно до – 15 степени што ги прави прилагодливи да се користат како грејно тело во текот на целата зима. Кај стандардните клима уреди минималната работна температура е до – 5 степени, под таа температура климатизерите губат на своите перформанси и престануваат да работат.
Која е разлика помеѓу стандардниот климатизер и инверторот можете поубаво да воочите на горе прикажаната слика каде преку график се представени работните осцилации на стандарден клима уред и инвертер. Со сина боја е претставена работата на стандарден клима уред и како што можеме да забележиме потребно му е многу повеќе време да ја достигне саканата температура во однос на инвертерот кој е претставен со зелена боја. Тука можеме да забележиме дека кога ќе ја постигне бараната температура инвертерот речиси константно ја одржува со кратки вклучувања и исклучувања додека кај стандардниот климатизер, бараната температурата потешко се одржува и на климатизерот му е потребно повеќе време да ја загрее или олади просторијата. На овој начин инвертерот троши 30% помалку електрична енергија за разлика од стандардниот клима уред.
zoran says
me interesira sto e zasluzno kaj invertorot da raboti da -15?blagodaram
Dario says
Почитувани,
Инвертер технологијата е заслужна за можноста, клима уредот – инвертер да работи до -15 степени. Со инвертерот технологијата се подобрува работата на компресорот и тоа влијае директно на работата на климатизерот.
Со Почит,
Термо Систем
Васе says
dali se dovolni 2 klima uredi-inverteri od 3,5kw za stan od 64m2 , kade postavuvanjeto na inverterite bi bilo 1-viot vo dnevnata soba (29m2) a drugiot vo spalnata (11m2) se razbira zatoluvanjeto/ladenjeto bi bilo so otvoreni vrati od prostoriite kade sto se izduvnite paneli a stanot e nov i so odlicna termoizolacija.
Blagodaram.
Dario says
Почитувани,
Секако дека ќе ви задоволат две клими со инвертер од 3,5 Kw, само незнаеме како ќе биде греењето во пракса за помалите соби, бидејќи тоа зависи од распоредот на самите соби.
Со Почит,
Термо Систем
Васе says
Rasporedot e sledeniot: Hodnikot od 7m2 e vrskata so site prostorii. Vlez vo hodnik od leva strana se spalna,detska, desna strana WC a vo celo e dnevnata so kujna i trpezarija.
Dario says
Нема да има проблем доколку ги поставите климите едната во дневната соба а другата во првата соба која ви доаѓа од влезот во ходникот со тоа што собата во средина меѓу нив ќе биде најслабо загреана и постојано ќе треба да имате отворено врата.