Дали некогаш сте помислиле на тоа колку би било идеално да имате некој си уред, кој ќе може да управува со регулацијата на температурата во домот и без многу мака да ја имате посакуваната температура без разлика дали надвор било ладно или топло?
Одговорот секако дека би бил позитивен, а на моменти би се запрашале и дали тоа воопшто е возможно и реално достижно во овој момент. Секако дека постои решение за идеално подесување на температурата во домот без разлика на временските непогоди кои се надвор од него. Уред кој во целост би одговорил на овие барања е топлинска пумпа, која е специјално дизајнирана и направена за да одговори на потребните барања за постигнување на саканата температура во затворени простории, а притоа да не е груба во просторот каде е поставена.
Денеска домовите за да можат да добијат ладење и греење имаат еден куп разладни и грејни уреди, како би се постигнал саканиот ефект околу идеалната температура. Со поставување на топлинска пумпа денес се инвестира поголема сума на пари, за да имаме ефект во наредините години со многу ниски трошоци. Топлинската пумпа ги сведува на минимум трошоците бидејќи нема интервенции и поправки на голем број уреди како на пример: бојлер, печка, простор за потребното гориво, резервоар, горилници, изградби на оџаци, клима уреди итн. Таа едноставно е составена од една надворешна единица (inverter) и внатрешна единица (mono / duo).
Во западните земји системите со топлинска пумпа се се попопуларни, бидејќи системот воздух/вода на чиј принцип работат овие топлински пумпи е многу едноставен и корисен начин на греење и ладење на домовите. Топлинските пумпи исто така се многу ефикасни за производство на топла вода која може да се намени за радијаторско греење и за санитарна топла вода во бојлерите. Многу поголеми ефекти се постигнуваат доколку домовите се добро изолирани. Ова ќе значи многу ниски трошоци за потрошена електрична енергија, што ќе ја направи топлинската пумпа идеално решение за сечиј дом.
Како што може да видиме од погорниот текст придобивките од поставување на топлинска пума се големи, но во продолжение може да видите подетално што се добивате со поставувањето на топлински пумпи:
1. Ниски трошоци за греење – греењето во вашиот дом ќе остане исто, дури и подобрено, а трошоците за греење ќе бидат намалени драстично. Ова го овозможува високо ефикасната технологија ( Биотек ) која ја поседуваат топлинските пумпи, која успева да заштеди до 75% енергија во споредба со било кои други извори на енергија за греење.
2. Погодни се и за додавање на радијаторско греење ( до 60° C на топла вода ) – ова го овозможува “flash injection” технологијата. Благодарение на развојот на оваа вбризгувачка технологија производството на топла вода е овозможено и на многу ниски надворешни температури ( -20 °C ).
3. Работа на ниски температури ( до -25° C ) – не грижете се за тоа како топлиската пумпа функционира, бидејќи на многу ниски температури кога надвор термометарот покажува минус, цевките на надворешната единица не замрзнуваат. Со цел да се оптимализира работата и да се подобри квалитетот на греењето, оладената вода ја загрева толку многу што без разлика на тоа што надвор има многу ниски температури, дома ќе се чуствувате како да е лето.
4. Висок капацитет на греење – специјаната технологија која е вградена во надворешната единица не само што и овозможува работа на температури до -25 °C, туку и одржување на свежината и температурата на воздухот во затворените простории на ниво од околу 15 °C. Овој систем е прилагоден да работи во многу студени региони без никаков проблем.
5. Временско водена регулација – ова претставува дополнително заштедување на енергија, бидејќи да речеме ако надвор е -10 °C, а во домот имаме зададено температура од 20 °C, при промена на времето и пораст на надворешната температура пумпата автоматски ја намалува снагата на моторот и со помала потрошувачка успева да ја постигне зададената температура во домот од 20 °C. Целиот овој процес е автоматски и без грижа можете да уживате во топлината на домовите, а воедно да добиете пониски сметки за електрична енергија.
Leave a Reply