Сите сме свесни за штетното влијание на човековите активности врз планетата Земја, но исто така знаеме дека човекот како единствено свесно суштество може да ги спречи истите.
Денеска ви издвојуваме неколку интересни факти поврзани со енергијата, а и што се би можело да не очекува во иднина ако со ист интензитет продолжиме да ги искористуваме фосилните горива.
- Дека фосилните горива ќе стануваат се понедостапни на пазарот ни говори и фактот што нивната цена секој ден е се поголема. Компанијата “Шел” предвидува дека доколку се продолжи со ваква тенденција на потрошувачка, нафтата и гасот за неполни 50 години ќе исчезнат.
- Општо познато е дека Соединетите Американски Држави се најголеми потрошувачи воопшто на сите ресурси во светотот. Во послендно време во овој сегмент почнува да се приближува и Кина но по глава на жител е многу далеку. Кога целиот свет би употребувал енергенси како Aмериканците би ни биле потребни 4 планети за да ги задоволиме нашите потреби.
- Исланд е земја која најголемиот дел од енергија ја добива од обновливи извори (гејзери и геотермални извори). Токму поради тоа количеството на испуштен CO2 во атмосферата е на минимално ниво. Поради ова не би требало да не зачуди фактот дека жителите на оваа замја имаат најдолг животен век во Европа.
- Не е прашање дали ќе се случи, туку кога ќе се случи соларна бура. А кога ќе се случи голема соларната бура, односно ерупција на површината на сонцето, кон земјата ќе се упатат многу наелектризирани честички кои ке ја вратат земјата во 19 век, односно целокупнатна техника поврзана со електрична енергија нeма да може да се користи.
- Во последно време секојдневно до нас стигнуваат информации поврзани со стаклената градина, односно глобалното затоплување. Доколку продолжиме со ваквата тенденција на трошење на енергенсите и испуштање на CO2 во атмосверата за 50 години плажите во Норвешка се следното Сен Тропе.
- Иако Американите сочинуваат само околу 5% од популацијата на земјата тие конзумираат дури 26% од целокупната светска енергија.
- Колку само незгоди создава неколку часовната рестрикција на електрична енергија? Да не зборуваме пак доколку неколку денови немаме електрична енергија во нашите домови, ќе настане вистински хаос. Дали сте знаеле дека во светот моментално околу 2 милијарди луѓе се без електрична енергија?
- Енергијата што се испушта за период од еден час, колку ја грееат сончвите зраци земјината топка, е поголема отколку потребата за целокупната човечка популација за една година.
- Некои луѓе навистина се загрижени за глобалното затоплување и последиците поврзани со него. Затоа се измислуваат автомобили, бродови, па дури и авиони кои се движат со помош на сончева енергија. А дали сте знаеле дека во 1990 година беше постгнат рекорд кога со авион беа прелетани 4060 km над Америка само со помош на сончевата енергија?
- Повеќе од половина од светската популација живее на помалку од 60 km од брегот. Со ваквиот интензитет на топење на мразовите на половите, ќе бидеме сведоци на нова огромна миграција на населението.
Leave a Reply