Description
Индустриска опрема – Unival
Во продолжение ви ги објаснуваме:
-
Филтер вентил на прирабница NP 16 DN 15- DN 200
е фаќач за нечистотија кој се користи за отстранување на нечистотии во работниот флуид. Тој се поставува со цел да се заштити чувствителна опрема, во која спаѓаат пумпи, мерна опрема и регулациони системи . На поклопецот на фаќачот се наоѓа чеп (испуст) за чистење. Температура од 0-250°C за вода и пареа.
-
Лептир вентил на прирабница NP 16 N 50 – DN 200
се користи за отварање, затварање и рачно регулирање на протокот на работниот флуид. Тој обезбедува потполно затварање во двете насоки. Тој се користи во системите за греење, ладење и водоснабдување. Температура од 0-120°C
-
Прирабнички шибер вентил – плоснат NP 16 DN 50 – DN 150
се применува во регулација на протокот на течните флуиди. Во индустриска опрема најчесто наоѓа примена во системите со низок притисок, системи каде има често отварање и затварање. Температура од 0-120°C.
-
Прирабнички рамен запорен вентил NP 16DN 15 – DN 200
има најголема примена во регулирање на протокот во системите каде циркулира течен и гасовит флуид. Температура од 0-120°C
-
Топчест вентил на прирабница NP 16 DN 15 – DN 150
се користи во отварање и затварање на протокот на сите типови на флуид. Обезбедува добра непропустливост и помалку е осетлив на присуство на цврсти честици во флуидот. Куглата во топчестиот вентил се ротира за 90 степени. Температура од 0-120°C.
-
Гумен компензатор на прирабница NP 16 DN 40 – DN 150
се користи во системите за спречување на пренос на вибрации. Конструирани се за пренос на течни, неагресивни флуиди. Температура од 0-120°C.
-
Неповратен вентил на прирабница NP 16 DN 15 – DN 200
дозволува циркулација на течност само во една насока . Дискот во куќиштето при циркулација на течноста сам се отвара и спрегата го враќа во првобитна положба . Наменети се за вертикални и хоризонтални изведби, со што во вертикалните има само циркулација на течноста од горе, надоле . Вентилите може да се користат за сите неагресивни течности. Температура од 0-120°C.
-
Меѓуприрабничка неповратна клапна PN 16 DN 40 – DN 150
се употребуваат во системите кои како работен флуид ја користат пареата, ладната вода, топлата вода, неагресивните течности и го спречуваат текот на флуидот. Температура од 0-120°C.
Reviews
There are no reviews yet.