Description
Пумпи за греење од програмата на Wilo
Пумпи за греење за домашна употреба обично се со конекција од 1’ или 5/4’. Тие се користат за домашно греење бидеќи се со помала моќност, додека за индустриска намена има и поголеми и помоќни пумпи.
Моделот Wilo Star RS, 3 брзинската пумпа од програмата на Wilo се одликува со следниве карактеристики:
• 3 Брзински степени за рачно бирање
• Место за клуч на куќиштето на пумпата
• Мотор заштитен од струја на блокирање, не е потребна заштита на моторот
• Двострано воведување на кабел, за наједноставна монтажа
• Електрични приклучоци со пружина за брзо и еднострано приклучување
• RSD како двојна пумпа
• RSL со приклучок за уред за брзо обезвоздушување.
Во последниве неколку години на пазарот се појавија многу штедливи и паметни пумпи кои имаат голема заштеда на електрична енергија. Такви пумпи од програмата на Wilo се пумпите Stratos Pico и Yonоs Pico. Овие пумпи се високоефикасни и трошат многу помалку електрична енергија, а со самото тоа сметките за струја се многу пониски. Исто така, тие се многу подобри за животната средина.
Предности на оваа високоефективна пумпа се:
- Висока ефикасност благодарение на ЕСМ технологија
- Само 4w влезна сила
- Интегрирана заштита на моторот
- Флексибилно вградување
- Висок стартен вртежен момент
- Брзо приклучување во струја преку Wilo-Connector
Ace –
Zdravo, dali mozam ovaa pumpa da ja koristam za va kumsko solarno, so cel za pogolem pritisok
sara schrempf –
Не може да се користи
Поздрав