ТЕРМО СИСТЕМ дооел е формирана во 2003 год. компанија од Скопје чија главна дејност е трговија, инженеринг и изведба на инсталации во областа на греење, климатизација, соларни системи и водовод.
Ние сме секогаш отворени за соработка со млади, стручни и амбициозни луѓе со цел – остварување на заедничките интереси.
Доколку она што претставува Ваша понуда, нуди квалитет и визија за остварување на заедничката цел, штета би било да не пратите кратка биографија со Вашите податоци.
Можете да бидете спокојни за нивната доверливост и приватност.
Ако одговорот не го добиете веднаш, не се разочарувајте.
Вашата пријава ќе биде зачувана во нашата архива и ќе ве повикаме веднаш штом се укаже потреба за работните способности што ги поседувате.
Поради отварањето на новиот салон и зголемениот обем на работа, имаме потреба од вработени на следниве позиции;
1.КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА ГОЛЕМОПРОДАЖБА
Што нудиме:
- Конкурентна плата;
- Обезбедена опрема за работа;
- Исплата на регрес за годишен одмор;
- Динамична работа која нуди можности за постојано учење и надградба на знаењето;
- Пријатна работна средина.
Oсновни работни задачи и обврски:
- Директна комуникација со клиенти:
- Продажба и нудење на потфорлиото на компанијата
- Испраќање на понуда на клиенти
- Преговори за цена
- Праќање на про – фактура
- Регистрација на нови коминтенти
- Потпишување на Договор
- Анализа на продадени артикли
- Организирање достава на роба
- Следење на ИОС спецификација (финансиска картица)
- Комуникација со клиентите за наплата
- Координација со магацин за спремање на робата
- Супервизија на тип на производи во магацин
- Комуникација со одделот набавки за залиха на производите
Профил на кандидат:
- Минимум средно образование;
- Познавање на работа со компјутер (MS Office и Интернет);
- Познавање на Пантеон е предност;
- Познавање на англиски јазик е предност;
- Пожелно е минимум две години работно искуство на иста или слична позиција;
- Предност е работење во продажба на опрема за греење и климатизација.
Потребни квалификации
- Возачка дозвола / Б – Категорија:
- Градење на односи со купувачите
- Ефективна комуникација
- Техники на продажба
- Управување со времето
Лични:
- Справување со конфликти
- Посветеност кон резултати
- Агилност (енергетичност)
- Достапен/на
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) со наслов КОМЕРЦИЈАЛИСТ на следната email адреса: info@termosistem.com.mk.
2. СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА МАЛОПРОДАЖБА
Што нудиме:
- Конкурентна плата
- Обезбедена опрема за работа
- Динамична работа која нуди можност за постојано учење и надградба на знаење
- Пријатна работна средина
Потребни квалификации:
- Минимум средно образование
- Поседување на возачка дозвола – Б категорија
- Познавање на работа со компјутери (MS Office и Интернет)
- Познавање на Пантеон е предност
- Познавање на англиски јазик е предност
- Пожелно е минимум две години работно искуство на иста или слична позиција
- Предност е работење во продажба на опрема за греење и климатизација
Лични карактеристики:
- Желба за комуникација со луѓе
- Трпение и убав однос во комуникацијата
- Одговорност, лојалност и сериозност во работата
- Желба за постојано учење, напредок и усовршување
- Самоиницијативност
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) со наслов СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА МАЛОПРОДАЖБА на следната email адреса: info@termosistem.com.mk.
3. СЕРВИСЕР НА ОПРЕМА ЗА КЛИМАТИЗАЦИЈА
Потребни квалификации:
- Минимум ССС
- Претходно работно искуство
- Возачка дозвола – Б категорија
- Искуство и познавање на топлински пумпи и клима уреди
- Способност за тимска работа
Одговорности и работни задачи:
- Дијагностика и одржување на топлински пумпи и клима уреди
- Водење комуникација со дистрибутери, сервисери и корисници
- Водење грижа за резервни делови и гаранции
- Способност за работа со сервисерска апликација преку интернет
Нудиме:
- Работа во динамична средина
- Обезбедена опрема и услови за работа
- Можност за континуирана надградба и развој во кариера
- Обуки за напредок во кариерата
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) со наслов СЕРВИСЕР на следната email адреса: info@termosistem.com.mk.
4. МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР ЗА КЛИМАТИЗАЦИЈА
Потребни квалификации:
- Универзитетска диплома од Машински факултет
- Претходно работно искуство во дејноста
- Познавање на англиски јазик
- Познавање на работа со компјутери, MS Office пакет и AutoCAD
- Силни комуникациски вештини, самоорганизираност, дисциплинираност, самоиницијатива, способност за тимска работа
Одговорности и работни задачи:
- Изготвување на термотехнички пресметки и понуди
- Склучување на договори за изведба
- Координација помеѓу инвеститорот и кооперантите
- Пратење на динамиката на терен и надзор на извршените работи
- Контрола на завршените работи, изведба на проектот во рамки на буџетот и поставените рокови
- Контрола на проектно-техничка документација
- Изготвување на извештаи
- Изготвување на документација за примопредавање
- Соработка со тимот
Нудиме:
- Динамична работна средина исполнета со професионални предизвици
- Работа во тим на посветени и искусни професионалци
- Можност за професионален развој и напредок
- Конкурентни месечни примања
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) со наслов МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР на следната email адреса: info@termosistem.com.mk.