Партнери

Giacomini

Giacomini e еден од најголемите производители на арматура за греење во светски рамки. Во компанијата се вработени околу 100о луѓе, распоредени во четири фабрики во Италија и во шест Европски претставништва. Денес најголем дел од своите производи ги извезува во над 100 земји ширум светот, благодарение на високиот квалитет и со брендот ”made in Italy”. Во своите производствени погони од преку 130.000 m2 Giacomini преработува над 100 тони месинг дневно. Компанијата е докажана како врвен иноватор во технолошки решенија кои се сертифицирани и одобрени соглсност со ISO 9001 , ISO 9002 , ISO 14001 , BSI, IQNET, CISQ и други.

Giacomini како партнер

Единствен застапник за производите на Giacomini

Bosch

Bosch Termotehnik GmbH е дел од светската компанија Bosch, која е водечки производител на енергетски ефикасни производи, за греење и за припрема на топла вода, во Европа.

Bosch во опремата за термотехника располага со познати светски брендови, кои во широк и разноврсен опсег се произведуваат во 22 фабрики во 11 европски и северноамерикански земји.

Bosch во својата програма нуди ѕидни плински котли, кондезни котли на плин, котли на тврдо гориво, соларни системи и опрема, топлински пумпи како и решенија за користење на обновливи извори на енергија.

Bosch партнери

Enrad

Enrad е водечки производител на панелни радијатори и котли на Балканот. Порано попознат како Југотерм, Енрад е повеќе од 40 години на пазарот и е дел од Engruop. Фабриката Енрад е модернизирана и проширана што доведува до годишно производство од 1 милион панелни радијатори. Модерниот дизајн и високиот квалитет на панелните радијатори и котли придонесува до широката распространетост на Енрад во сите земји на Западна Европа и на Балканот меѓу кои е и Македонија.

eegtY

Wilo

Wilo низ светот претставува синоним на квалитет и првокласно инженерство на Германија. Компанијата е водечки производител на пумпи и пумпни системи за техниката на греење, ладење и климатизација, снабдување со вода и отпадни води.

Wilo партнери

Radiatori 2000

RADIATORI 2000 е стационирана во близина на Bergamo во Италија. Користи најнова технологија на роботика со современ процес на производство на радијатори. Користените легури на алуминиум имаат гарантиран квалитет во согласност со сите важечки прописи и поседува поседува одлична термичка спроводливост и голема механичка отпорност на корозија.

Врвните карактеристики и врвниот квалитет се главни одлики на моделот KALDO.

Радијатори 2000

Burnit

Burnit е бренд на NES, кој во својата програма вклучува повеќе типови на котли за цврсто гориво. Со Burnit котлите зимските денови ќе ги поминете во многу пријатна и топла атмосфера а за тоа нема да потрошите цело богатсво, зошто котлите имаат многу голем степен на искористеност.

Во својата програма Burnit имаат голем избор на котли наменети за загревање на домот и нуди котли на цврсто гориво, котли на гас, котли на палети,резервоари за палети и.т.н

Burnit котли

Sun System

Sun System е бренд на NES, компанија која е стационирана во Шумен, Република Бугарија. Нивната главна активност е производство на производи кои ќе користат обновливи извори на енергија. Производите кои излегуваат од фабриката се со многу голем квалитет, а признанијата за тоа се многуте сертификати со кои располагаат. За квалитетот на бојлерите од Sun System говори и фактот што имаат отворена соработа со околу 100 земји.

Sun System во својата програма нуди електрични бојлери, комбинирани емајлирани бојлери, бафери, соларни панели и фотоволтаични панел и системи.

Sun System

Daikin

Daikin како компанија е основана во далечната 1924 год. од страна на Акира Јарнада во Осака, Јапонија. Денеска повеќе од 17,000 луѓе работат на развојната програма на клима уредите, кои се водат по строгите принципи за висок квалитет. Токму поради тоа Daikin е нашироко познат по својот квалитет и моментално го завзема водечкото место во производната индустрија на системи за климатизација, со годишен промет преку 7 милијарди евра.

Колку се квалитетни Daikin климатизерите говори и фактот што тие се присутни на пазарите безмалку во сите земји на светот.

Daikin клима уреди

Rothenberger

Повеќе од 60 години Rothenberger, со повеќе од 5000 производи, е светски лидер во произвотство и иновации кога е во прашање алат и машини за термотехнички и хидротехнички инсталации: водовод, греење, климатизација, гас, канализација и ред други. Како еден од подобрите партнери на професионалните корисници, Rothenberger нуди комплетни решенија за поставување цевни инсталации и нивно одржување. Палетата на алати е со врвен квалитет и во склад со еколошките стандарди.

gg

Camel Solar

Camel Solar e фабрика која се занимава со производство на високо ефикасни соларни панели. Со својот квалитет на соларните панели тие забрзано го освојуваат светскиот пазар и се надлеку познати. Применуваат најсовремена технологија при производството на панелите со што ефикасноста на истите е доведена до највисоко ниво.

Camel Solar е бренд на кој секогаш можете да се потпрете и никогаш нема да ве изневери.

 

Kamel Solar

 Frabo

Frabo е компанија која е основана во 1969 год. во Бордолано, Италија и претставува водечки производител на фитинзи направени од бакар,месинг и други материјали. Оваа компанија формирана е од страна на 5 браќа, и уште на самиот почеток влегува на пазарот со продажба на брендирани бакарни цевки и фитинг.

Денес Frabo користи најнапредна опрема и технологија во производството на бакарни цевки и фитинг, прес фитинг, како и компресионен фитинг. Како компанија со огромна палета на производи кои се продаваат низ целиот свет, со канцеларии и складишта во Италија, Франција, Шпанија и Романија претставува лидер со своето искуство, иновации и квалитетна опрема и фитинг.

 

Frabo za na strana

 

 Lk Armatur

Lk Armatur е компанија формирана во 1985 год. во Шведска, која го следи постојаниот тренд на водечки случувања на пазарот на нови производи и услуги во делот на вентили, компоненти и префабрикувани елементи. Lk Armatur произведува околу еден милион вентили за една година, почнувајќи од едноставни стандардни вентили, трокраки и четворокраки мешачки вентили за котли, мотори за мешачките вентили, прилагодени специјализирани производи.

Со својата висока технологија во производството, компетентност, механика и посветеност на компанијата е во рангот на светски успешни компании.

LK partneri

Buderus

Компанијата Buderus е една од најстарите и најпознатите германски компании од областа на грејната технологија, специјализирана за производство на кондензатори и конвенционални челични котли на нафта, гас, со голема моќност за станбени, индустриски и комерцијални објекти. Од 2002 год. Buderus станува составен дел од компанијата Bosch, односно во делот на програмата на BOSCH Тhermotechnik.

Buderus partneri