
Голем број на постови се напишани за подно греење како едно од најудобните и најдобрите начини за загревање на простоиите. Знаејќи колку е удобно и ефикасно подното греење, голем број на луѓе сакаат да постават во своите домови вакво греење. Меѓутоа не ретко се случува планирајќи да заштедат при самото поставување на подното греење да се прават многу пропусти и големи грешки кои доведуваат до намалена удобност и ефикасност. Во овој пост ќе ве запознаеме со повеќе работи на кои треба да обрнете внимание при самата инсталација на подното греење, а притоа да не направите грешки кои ќе значат намалување на удобноста и ефикасноста.
Кога ќе се одлучите да поставите подно греење најпрво треба да пуштите црево на подот кое ќе треба да биде поставено на стиропор кој нема да ја пропушта топлината надоле, туку ќе ја усмерува нагоре во просторијата. При купувањето на цревото треба да се внимава какво црево се купува, дали тоа е специјално црево за подно кое ја оддава целосно топлината која поминува низ него или пак е алумпаст кој е изолиран и не ја оддава целосната топлина во просторот. Луѓето поради поефтината цена на алумпластот кој е само спроводник на топлината, а не и оддавач на истата најчесто се решаваат истиот да го купат. Тоа е првата грешка каде наместо да се стави специјално црево за подно кое целосно ќе ја оддава потребната топлина, се поставува алумпластот без притоа да се зема во предвид потребата од идеална топлина во просторот, како и поголема ефикаснот со што ќе заштедите во годините кои следат и многу брзо ќе се вратат парите кои се вложени.
Инсталирањето на подното греење во вашиот дом започнува со тоа што на подот првенствено поставувате стиропор. Дебелината на стиропорот варира, односно може да биде 3 cm или 5 cm зависно вашата желба и финансиски можности, но се разбира дека поголемата дебелина е подобра. Инаку стиропорот може да биде обичен рамен или пак специјален за подно со испапнати делови (печурки) на горната стран. На обичниот стиропор, цревото се поставува на пластични шини, а се прицврстува на со специјални пластични делови т.н елки, додека пак кај стиропорот специјален за подно греење цревото се витка околу печурките, како што можете да видите на сликата. Околу виткањето на цевките, колку да бидат разделени една од друга зависи и од големината на самите цевки. Ние ќе зборуваме за полиетиленско црево GIACOTHERM со антиоксигенска бариера од програмата на Giacomini. Оптималната оддалеченост помеѓу цевките е околу 15 cm. За правилно поставување на цревото во просторијата, околу рабовите на просторијата цревата се поставуваат поблиску една до друга додека на средишниот дел на просторијаa се поставуваат поодалечено. Над вака поставените црева се става кошулицата. За поголема ефикасност при загревањето на просторијата, во кошулицата се додаваат најразлични адитиви наменети специјално за подно греење. Тука се поставува прашањето колку метри црево ќе биде потребно за некоја определена квадратура. Теоретски пресметаката е на 1m² се поставуава 7м црево за подно.
Друга работа која треба да се постави е поврзувањето на веќе поставеното црево со разводната табла во која се поставуваат колекторите. Од програмата на Giacomini постојат различни типови на модуларни колектори кои се поставуваат во разводните табли. Правилната опција за поврзување на подно греење е со модуларни колектори од 5/4 на кои горната линија во касетата ќе биде со колектори со мерач (флуометар), а долната линија ќе биде со колектори со термостатска глава. Тука луѓето ја прават втората грешка, при инвестирањето во подно греење и наместо ваков тип на колектори се одлучуваат за обични колектори кои се поставуваат за радијаторско греење, кои немаат толку прецизно мерење како оние колектори кои се наменети специјално за подно греење. Модулите се сместуваат во металната касетата, каде преку специјална полуспојка се поврзуаат со цревото за подно греење. Почетокот на цревото е поврзано со горните модули, потоа цревото го спроведуваме во одредена просторија (го намотуваме) и неговиот крај го поврзуваме на модулите поставени во долниот дел од касетата. Преку модулите го контролирате протокот на топла вода во цревото и со тоа ја контролирате и собната температура. Како да знаеме колку модули ќе ни бидат потребни? Теоретски доколку станува збор за некој дом со просечна големина, во секоја просторија се инсталира посебно црево, односно со свој почеток и крај. Тука доаѓаме до заклучок дека доколку домот има 5 простории ќе ни бидат потребни 10 модули( 5 влеза и 5 излези) за да можеме да го приклучиме цревото.
Во системот на подно греење, подот не е врел на допир (тој е околу 25-26 °C), но не се чувствува студенилото како што е случај со подовите во околината со традиционалното радијаторско греење. На ваков начин може да се обезбеди слободно одење со боси нозе во зимскиот период. Системите за подно греење како што е системот на Giacoklima функционира одлично и при ладење и при греење, па така може да се користи во сите сезони. Во зимскиот режим системот работи со вода на температура која варира од 25°C до 45°C во зависност на надворешната температура. Како што објаснивме погоре, површината на подот е таа која ја трансферира топлината во околината. Исто така, благодарение на терморегулационата опрема која го регулира системот според нашите потреби се обезбедува одлично ниво на комфорт во просторијата. Постои можност да различни простории имаат и различна сакана температура. Во летниот режим системот работи со вода на температура која варира помеѓу 13÷14°C, со можни варијации базирајќи се на надворешните услови и нивото на влажност на околината.
Оттука сигурно се запрашувате како топлата вода која ќе минува низ подното греење нема да биде повисока од 45°C, кога котелот развива многу поголема топлина. За да се реши овој проблем се поставува специјален мешачки термостатски трокрак вентил кој е ограничен на 45°C и беспрекорно ја меша топлата вода од котелот со ладна и постојано се добива посакуваната температура од 45°C. Со поставувањето на овој вентил покрај тоа што го решавате проблемот со температурата која излегува од котелот исто така заштедува пари бидејќи не ја троши целата топлина која ја произведува котелот, туку само дел од неа. Ова значи дека вашиот котел ќе троши многу помлку гориво.
Со овој пост се надеваме дека допринесовме за правилно поставување и нормално функционирање на подното греење кое го поставувате во вашите простории.
Leave a Reply