
Поради топлите денови кои во изминатиов период го достигнаа својот максимум, како и заради најавата на уште многу топло време кое не очекува, ние би сакале да ве потсетиме на важните прашања при користење на клима уредите со инвертер технологија.
1. Дали греењето со климатизер е исплатлив начин на греење?
Да, климатизерите трошат многу помалку електрична енергија (во споредба со топлотната енергија која ја емитуваат), од останатите грејни тела кои работат на струја. За 1,2 kw потрошена електрична енергија, климатизерот емитува 2,5 – 3,8 kw излезна топлинска моќ. Доколку станува збор за клима уред – инвертер, разликата помеѓу потрошната енергија и излезната моќ е уште поголема.
2. Која би била големината на клима уредот кој ќе одговара на моите потреби?
Капацитетот на климатизерот се одредува по основа на повеќе параметри: големина на просторијата (облик и намена), местоположба на просторијата (број на сончевите страни), стаклена површина, број на електрични апарати во просторијата, термичка изолација на просторијата, број на луѓе кои поминуваат време во просторијата и.т.н. На основа на овие параметри, може прецизно да се одреди големината на клима уредот.
3. Дали климата може да грее при надворешна температура под 0 степени?
На секој клима уред на надворешната обвивка или пак во спецификацијата пишува до колку степени под нула може да грее, а сите клима уреди – со инвертер технологија можат да се користат целата грејна сезона. (Daikin клима уредот со инвертер технологија може да грее до -15°C).
4. Која е оптималната зададена температура?
На ова последно прашање би се задржале малку повеќе, сметајќи дека е навистина важно и не треба истото да се занемарува во ниеден момент. Знаеме дека клима уредот може да биде и отров и лек. Важно е да знаеме кога и како да го користиме овој уред.
Важно е да не правиме „фрижидер“ од нашето место на живеење, канцеларија или автомобил.
Разликата меѓу температурата во просторијата и надворешната температура не треба да биде поголема од 10°C , идеалната состојба е со само 5 °C поладна просторија.
Но, ова правило не важи ако надвор е 40°C, каква што е состојбата овие денови. Тогаш температурата се поставува помеѓу 21°C и 26°C. Под 21°C веќе се сметаат за екстремно ниски температури, кои при волку високи надворешни температури, истите не се добри за здравјето.
Посебно треба да се внимава при влегување и излегување од топло на ладно и обратно.
Кога се излегува на отворено, треба да се исклучи климата и да се почека 10 минути, па да се излезе надвор. Обратно, кога се влегува дома, да не се вклучува веднаш клима, туку да се почека 10 минути за телото да се стабилизира.
Би било навистина добро ако секој од нас ги почитува овие едноставни , но многу важни правила за квалитетен и здрав живот, особено при вакви екстремно високи температури.
Leave a Reply